Времето дененска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се движи од шест до 14, а максималната од 27 до 36 степени.
Времето дененска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се движи од шест до 14, а максималната од 27 до 36 степени.
Нови 11 кандидати за градоначалници избра извршниот одбор на СДСМ на седницата којашто се оддржа попладнево.
Данското МНР го повика највисокиот американски дипломат во земјата на разговори откако националниот радиодифузер објави дека најмалку три лица, Американци со врски со Трамп спроведуваат тајни операции за влијание и преземање на Гренланд.
Заменик министерката за Европски прашања Викторија Трајков денеска беше во работна посета на општина Ресен.
Три лица загинаа, а 20 се ранети во пукотница во католичко основно училиште во Минеаполис, во американската држава Минесота.
Според полицијата меѓу жртвите е и осомничениот кој по вооружениот напад извршил самоубиство.
Загадувањето, климатските промени, големиот број пловила, рибокрадството и масовниот туризам. Ова се клучните закани со кои денес се соочува Охридското Езеро. Водениот басен се загадува и со фекалии и со хемикалии, а со тоа се уништуваат ендемските видови.
Продолжи судењето на обвинетиот за нападот врз скопската градоначалничка Арсовска.
СДСМ на локалните избори ќе ги понуди најдобрите кандидати кои уживаат кредибилитет во своите средини, изјави лидерот на партијата Венко Филипче најавувајќи дека во својот тим ќе ги има партиите од својата коалиција.
Зголемување на водостојот и подобрување на квалитетот на водата. Ова се предизвиците со кои се соочува Дојранското езеро.