Во несреќа со четирицикл загинаа две малолетни девојчиња. На локалниот пат Колибари-Кичево, 15-годишната девојка и нејзината сопатничка изгубиле контрола и излетале од коловозот.
Од здобиените повреди и две починале. Телата се дадени на обдукција.
Во несреќа со четирицикл загинаа две малолетни девојчиња. На локалниот пат Колибари-Кичево, 15-годишната девојка и нејзината сопатничка изгубиле контрола и излетале од коловозот.
Од здобиените повреди и две починале. Телата се дадени на обдукција.
Почнаа да се санираат дефектите на потопните пумпи и цевководите од бунарското подрачје на хидросистемот „Ѓавато“. На тој начин се очекува да се зголеми дотурот на вода до Дојранското Езеро. Во моментов работат само две од вкупно десет.
Посветени сме на евроинтеграцијата преку спроведување на реформи и исполнување на критериумите што ЕУ ги поставила, но потребна е одлучност, фер пристап и предвидлива патека за напредокот на земјата на евроинтегративниот пат, изјави шефот на дипломатијата Муцунски во интервју за „Њузмакс Балканс“
Со загриженост се следат случувањата поврзани со сомневањата дека пациенти во приватни болници се подложувале на комплицирани оперативни зафати, без за тоа да има медицински индикации, само заради профит – реагираат од Лекарската комора.
Најавите за можно поставување на владини повереници место градоначалници во општините, доколку не успеат локалните избори во Македонија предизвика низа реакции во јавноста.
Со мнозинство гласови ДИК го донесе упатството за бројот на советници во општините и во градот Скопје. Против гласаше Дитмире Шеху од ДУИ.
„Оне Македонија телекомуникации“ во сопственост на унгарската фирма „Фор-ај-џи“ е единствената компанија која доставила понуда на тендерот на Агенцијата за електронски комуникации за доделување одобрение за нов мобилен оператор.
Полицијата сè уште трага по возачот кој со автомобил удри во девојчиња на тротинет и побегна од местото на несреќата која вчера се случи на улицата „Васил Ѓоргов“ во Скопје.
Во просториите на Општина Кисела Вода, се одржа протоколарна средба помеѓу градоначалникот и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, и новоименуваната амбасадорка на Република Словачка, Ивета Хрицова.
Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), донесе три одлуки за едностран раскин на Договори за концесија за експлоатација на минерални суровини и една одлука за одбивање на ново барање за концесија.