Пуштен во употреба реконструираниот пат Охрид - Свети Наум. После четири децении патот во должина од 24 километри, конечно е целосно рехабилитиран, со нова сообраќајна сигнализација. Станува збор за една од најфреквентните делници која води кон плажите, НП Галичица и соседна Албанија.
Вести
-
Македонија 13.06.2025 15:51
-
Македонија 13.06.2025 15:31
Потпишан договор за стратешка соработка со Унгарија
Македонија тапка во место со евроинтеграциите, претседателката Сиљановска-Давкова која ќе ја предводи македонската делегација на претстојниот самит на НАТО во Хаг прифаќа да разговара и на пониско ниво со бугарскиот премиер за откочување на процесот.
-
Македонија 13.06.2025 15:08
СДСМ бара институционална, политичка и кривична одговорност за трагедијата во Кочани
СДСМ бара институционална, политичка и кривична одговорност за трагедијата во Кочани. Оттаму обвинија дека наместо итно да се постапува се чекало, па се сомневаат дека се уништувале докази.
-
Македонија 13.06.2025 14:29
Месец на пациентите со афазија
Во Скопје дневно има од еден до два мозочни удара, капацитетот на неврологија е 50 проценти исполнет со вакви пациенти. Најголем дел од нив имаат нарушување во говорот или афазија.
-
Свет 13.06.2025 14:05
Индиските власти почнаа истрага за авионската несреќа во Ахмедабад
Се случи чудо при огромната несреќа на урнатиот дримлајнер на индиската авиокомпанија. Седиштето 11а беше спасоносно за само еден британски државјани. Вишваш кумер Рамеш е од Лестер, Англија, ја искористил дупката во трупот на авионот да се извлече од остатоците.
-
Македонија 13.06.2025 13:47
Реконструиран патот од Охрид до Св. Наум
Заврши рехабилитацијата на магистралниот пат до СВ. Наум во должина од 24,3 километри. Инвестицијата од безмалку 12 милиони евра треба да донесе и поголема безбедност и повеќе туристи.Соња Рилковска известува од Охрид. -
Македонија 13.06.2025 13:34
Унгарскиот министер Сијарто во Скопје
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто пристигна во работна посета на Скопје, на средба со македонскиот колега Муцунски. Будимпешта важи за силен поддржувач на нашите европски интеграции.
Ирина Гелевска е во МНР.
-
Култура 13.06.2025 13:28
Нела Манческа ќе ја претставува Македонија на Јуниорски Евросонг 2025 во Тбилиси, Грузија
Со голема чест и гордост ја информираме јавноста дека годинашна претставничка на Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2025 ќе биде младата и талентирана Нела Манческа. Овој престижен музички натпревар ќе се одржи на 13 декември во Тбилиси, Грузија.
-
Македонија 13.06.2025 13:20
Обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“
По речиси три месеци од стравотниот пожар со 62 жртви, поднесено е обвинение за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Со обвинението се опфати 34 физички и три правни лица, кои не ги почитувале законските прописи. Кој сè ќе одговара за трагедијата во дискотеката на смртта? -
Македонија 13.06.2025 13:06
Исчезнат штипјанец, семејството бара помош
На социјалните мрежи е објавен апел за пронаоѓање на 36-годишен штипјанец. Семејството на Владимир Бурев бара помош. Тој домот го напуштил вчера во четири часот, по што му се губи трагот. Владимир е висок и облечен во црни тренерки.









