Вести

  • Македонија 25.05.2025 12:40

    Креативна дипломатија за изнаоѓање решение со Бугарија

    Австрија е подготвена да разговараме за изнаоѓање креативно решение со Бугарија, вели во интервјуто за Радио Слободна Европа, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

  • Економија 25.05.2025 11:58

    Поголемо земјоделско производство за пониски цени

    Прилепскиот агроном Филип Димкоски е и производител. Го почна градинарското производство. Македонија мора да се врати на земјоделското производство, вели, ако сака да јаде храна со прифатливи цени. Во моментов, цените на градинарските производи се над очекувањата и над џебот на потрошувачите.

  • Македонија 25.05.2025 11:06

    На повредените во Кочани им претстои долг процес на лекување

    Финансиска и медицинска помош за повредените во Кочани сега е повеќе од потребна. На голем дел од повредените на кои им заврши болничкиот третман им претстои долг процес на лекување. Државата да обезбеди соодветен медицински третман и финансии, апелираат од „Сапорт Кочани“.

  • Свет 25.05.2025 10:19

    Протести во Тел Авив

    Синоќа стотици луѓе протестираа во Тел Авив, повикувајќи на прекин на војната во Газа и итно ослободување на преостанатите заложници кои ги држи милитантната група Хамас.

  • Свет 25.05.2025 09:46

    Продолжуваат нападите врз Киев

    Нови руски напади врз киев со беспилотни летала. Украинските воздухопловни сили соопштија дека викендов откриле околу 250 дронови и 14 балистички проектили, главно насочени кон главниот град.

    Според првите информации загинале најмалку три лица, а десетици се повредени.

  • Македонија 25.05.2025 09:14

    Хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

    Денеска во седум градови во државата ќе се одржи хуманитарна трка по повод одбележувањето на Денот на Европа, насловена како „Сите за Кочани- трчаме заедно“. Сите приходи ќе бидат наменети за поддршка на жртвите во пожарот во кочанскиот клуб.

  • Македонија 25.05.2025 09:02

    Муцунски на одбележување на 30-годишнината од Дејтонскиот договор

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на конгресменот Мајкл Тарнер, шеф на делегацијата на САД во Парламентарното собрание на НАТО ќе престојува во Дејтон, Охајо, на 30-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор.

  • Македонија 25.05.2025 08:44

    Посебен режим на сообраќај на неколку локации во Скопје

    Во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај на неколку локации поради одржување ракометен напревар, хуманитарна трка и атлетска трка.

    Поради атлетска улична трка денеска 07:30 часот до 10:30 часот во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим во општина Аеродром.

  • Македонија 24.05.2025 19:30

    Се бара неселективна правда и најстроги казни за одговорните за трагедијата

    „Нашиот молк е гласот на оние што трагично заминаа во огнот, молк кој зборува повеќе од 1.000 зборови, ама нема да трае вечно како судењето“ – порачаа родителите на загинатите во трагедијата во Кочани.

  • Македонија 24.05.2025 17:34

    Оддадена почит на светите браќа Кирил и Методиј во Рим

    Денот на сесловенските просветители се празнува и во Рим. Таму отпатува државно-црковна делегација, предводена од претседателката Сиљановска-Давкова. Оддадена почит пред спомен-плочата, посветена на светите браќа.

    Викторија Милевска известува од Рим

Pages