Во Газа сè уште има 20 живи заложници, 38 се мртви. Израелската војска веројатно го убила Мохамед Синвар, лидерот на Хамас и брат на убиениот лидер Јахја Синвар, изјави Нетанјаху. Тој рече дека Израел има организиран план за постигнување на воените цели во појасот.
Вести
-
Свет 22.05.2025 10:09
-
Македонија 22.05.2025 10:01
Сиљановска-Давкова прими делегација на Уставниот суд на Република Хрватска
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со делегацијата на Уставниот суд на Република Хрватска, предводена од претседателот на судот, Мирослав Шепаровиќ, во придружба на претседателот на македонскиот Уставен суд, Дарко Костадиновски.
-
Свет 22.05.2025 09:49
Убиени вработени во амбасадата на Израел во САД
Двајца службеници на израелската амбасада во САД се убиени во терористички напад пред Еврејскиот музеј во Вашингтон. 30-годишниот напаѓач од Чикаго е уапсен. При приведувањето извикувал „Слобода за Палестина“. Сочувство за жртвите и повредените од претседателите на САД и на Израел.
-
Свет 22.05.2025 09:40
Земјотрес од 6,1 степен ги погоди грчките острови Крит и Санторини
Земјотрес од 6,1 степен по Рихтер ги погоди грчките острови Крит и Санторини. Епицентарот бил на околу 82 километри североисточно од главниот град на Крит, Хераклион. Нема информации за повредени или материјална штета.
-
Свет 22.05.2025 08:59
Зеленски: Русија не покажува сигнали за прекин на огнот
Борбите се најинтензивни во регионот Донецк, украинските сили продолжуваат да дејствуваат во рускиот регион Курск, тврди украинскиот претседател.
-
Македонија 22.05.2025 08:39
Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи и треба да го добие вистинското место во дипломатијата
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на домаќинка, се обрати на третата сесија на Форумот за културна дипломатија, што се одржува под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов.
-
Македонија 22.05.2025 08:35
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 22.05.2025 08:32
Двајца вработени во израелската амбасада убиени во Вашингтон
Двајца вработени во израелската амбасада се убиени пред еврејскиот музеј во Вашингтон. Жртвите се млад пар кој се подготвувал за веридба. Осомничениот е притворен.
-
Економија 22.05.2025 08:32
Денеска во Лондон ќе биде потпишан договорот за стратешко партнерство
Денеска во Лондон ќе биде заверен договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и Обединетото Кралство, со кој нашата држава добива на располагање историски најголем износ на шест милијарди евра кои ќе бидат потрошени во инвестиции кои ќе носат додадена вредност на Маке
-
Македонија 22.05.2025 08:23
Комисијата за здравство ја продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето
На седница на собраниската Комисија за здравство денеска треба да се одржи продолжение на надзорната расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“.










