Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Вести
-
Македонија 22.05.2025 08:14
-
Свет 21.05.2025 20:36
САД добиваат најсовремен систем за одбрана против глобалните ракетни закани
САД добиваат „Златна купола“-најсовремен систем за одбрана против глобалните ракетни закани, вклучувајќи балистички и хиперсонични ракети, базиран во вселената.
Трамп го претстави амбициозниот проект вреден 175 милијарди долари кој треба да биде готов до истекот на неговиот мандат.
-
Македонија 21.05.2025 20:18
Трајко Славески предложен за нов гувернер на Народната банка
Професорот на Економскиот факултет Трајко Славески е предложен за нов гувернер на Народна банка. Предлогот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е доставен до Собранието, а неговото име и најмногу се споменуваше како потенцијален челник на централната банка.
-
Македонија 21.05.2025 19:53
Акциска контрола во Тетово, пронајдени 453 штеки цигари и 199 килограми тутун без документација
Вчера во периодот од 12.00 до 14.30 часот на улица „Маршал Тито“ во близина на Зелениот пазар во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово презедоа мерки и активности за сузбивање на недозволени активности по Закон за акцизи и Кривичниот законик.
-
Македонија 21.05.2025 19:23
Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација
Македонија има Стратегија за паметна специјализација која дефинира области каде имаме потенцијал за развој.
-
Економија 21.05.2025 19:00
Дурмиши: Регионот има потреба од меѓусебно поврзани економии и предвидливи политики
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, присуствуваше на централниот панел на Сараевскиот бизнис форум 2025, каде ја сподели својата визија за одржлив економски развој преку реформи, регионална соработка и инфраструктурно поврзување.
-
Култура 21.05.2025 18:18
Отворање на изложбата „Агапе“ од Горјан Ѓорѓиев во петок во галеријата „Метаноја“
На 23 мај во 19:00 во галеријата „Метаноја“ на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје ќе биде отворена изложбата „Агапе“ на Горјан Ѓорѓиев.
-
Економија 21.05.2025 17:51
Договорена e откупната цена на компирот во струмичко
Откупната цена на компирот ќе се зголеми за 5, и во наредните 10 дена ќе се откупува по 35 денари за килограм. Ваков договор постигнаа откупувачите на средбата со министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, откако градинарите почнаа да реагираат за намалување на цената.
-
Македонија 21.05.2025 17:36
Мицкоски: Шест милијарди евра ќе бидат потрошени во инвестиции
Од договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство сè ќе биде објавено и ништо нема да е класифицирано или донесено под европско знаменце. Јавноста ќе има увид во секој потрошен цент-уверува премиерот Христијан Мицкоски.
-
Македонија 21.05.2025 17:15
Стратешки договор со Обединетото Кралство
Во Лондон утре стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе го потпише вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во вредност од шест милијарди евра. Првата транша од 2,2 милијарди ќе се троши за реконструкција на болници и за железницата.










