„Просечната плата треба да биде уште поголема, продолжуваме да работиме во таа насока“, уверува премиерот Мицкоски, откако Заводот за статистика измери дека во мај, просечната нето-плата изнесувала 45 илјади 796 денари, за 11 проценти повисока споредено со истиот месец лани.
Вести
-
Економија 29.07.2025 17:36
-
Македонија 29.07.2025 17:12
Од идната година студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ повторно ќе биде отворен
Од идната година, студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ повторно ќе биде отворен, студентите ќе се сместат во комплетно реконструирана зграда. Домот е затворен повеќе од две години.
-
Македонија 29.07.2025 16:23
Напаѓачот на градоначалничката на Скопје, седна на обвинителна клупа
Не сум виновен со овие зборови Сулејман Љамалари обвинет за нападот на градоначалничката Данела Арсовска негираше секаква вина во овој случај.
-
Македонија 29.07.2025 15:45
Собраниска седница за интерпелацијата на Коцевски
Селективни кривични истраги за трагедијата во Кочани, логистички влијанија врз работата на Јавното обвинителство, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство-Скопје, непостапување по службена должност за дивоградбите на урбаната мафија во Скопје, ова се аргументите на „Левица“ за поднесената
-
Македонија 29.07.2025 15:41
Кривична пријава против директорка на училиште во Виница
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.С.(45) од Виница, директорка во основно училиште во Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, соопштија од МВР.
-
Свет 29.07.2025 15:10
Четворица убиени во пукотница во облакодер во Њујорк, напаѓачот е мртов
Драма во срцето на Њујорк. Шејн Тамура, 27-годишен поранешен професионален американски фудбалер уби четворица во зградата на седиштето на националната лига на Менхетн. Потоа си го одзеде животот. Жртви по случаен избор на Тамура се усмртени со офанзивната рафална пушка „м-4“.
-
Свет 29.07.2025 15:01
Остри тонови меѓу Москва и Вашингтон
10 до 12 дена за запирање на крвопролевањето – американскиот претседател Трамп го скрати претходно поставениот ултиматум од 50 дена за Русија. Се закани со дополнителни санкции доколу нема договор за прекин на огнот во Украина.
-
Свет 29.07.2025 14:46
Конференција на ООН за мирот на Блискиот Исток
Конференција на ООН организирана од Саудиска Арабија и Франција за мирот на Блискиот Исток. Париз ја повика Европската Унија да изврши притисок врз Израел да се согласи на решение за две држави, неколку дена откако претседателот Макрон вети дека ќе ја признае Палестина.
-
Македонија 29.07.2025 14:27
Зголемен бројот на несреќи предизвикани од возачи на електрични тротинети
Зголемен е бројот на несреќи предизвикани од возачи на електрични тротинети, особено управувани од малолетници. На еден тротинет, со голема брзина се возат и по неколку лица, не се носи ниту заштита опрема. Лекарите апелираат, родителите да внимаваат на нивните деца.
-
Македонија 29.07.2025 13:48
Собранието ја констатира оставката на претседателката на ДКСК
Собранието на почетокот на денешната седница ја констатираше оставката на претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Татјана Димитровска.










