Народната банка традиционално, по повод денот на монетарната самостојност, ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи.
Вести
-
Економија 02.05.2025 18:09
-
Македонија 02.05.2025 17:18
Стартува новата туристичка сезона во Охрид, градот преполн со туристи
Охрид деновиве полн со туристи. Сместувачките капацитети исполнети над 80%. Најбројни за Првомајските празници се групите од соседна Србија. Тие се тука од вчера, остануваат се до недела.
-
Македонија 02.05.2025 17:08
Поднесени 900 апликации за реализација на проекти, учествувале сите општини
Близу 1.200 проекти поднесле 80-те општини во двата јавни повици на министерството за локална самоуправа да користат средства од унгарскиот кредит за унапредување на живеењето на граѓаните, констатираат од министерството. Од првиот проект, 90 насто од 388 проекти се завршени.
-
Економија 02.05.2025 16:55
Од денеска трговците можат да ги формираат цените, заврши ограничувањето на маржите од 5%
Лебот, млекото, јајцата, брашното, јогуртот, маслото за јадење од сега ќе се продаваат без ограничени маржи. Заврши владината мерка за ограничување на бруто-профитните маржи на основните производи, што беше во сила од 20 февруари.
-
Економија 02.05.2025 16:41
Јавниот долг намален за 4,7 процентни поени
За 4,7 отсто е намален јавниот долг во првиот квартал од годинава, од 62,4 проценти од БДП на 57,7. Намалување бележи и државниот долг, сега изнесува 50,1 отсто, според податоците на Министерството за финансии. Ова е најниско ниво на долгот во последните пет години.
-
Македонија 02.05.2025 16:34
Пад на Македонија за шест места на Индексот на слобода на медиумите
Од 36 на 42 позиција, Македонија падна шест места на Индексот за слобода на медиумите, изготвен од Репортери без граници. Влошување има кај 3 од вкупно 5 индикатори.
-
Македонија 02.05.2025 16:12
Излетнички места затрупани во смет
Граѓаните честопати знаат да го вперат прстот во комуналните претпријатија, но одговорноста е на сите нас. Денеска на излетничките места каде што вчера се подготвуваа скари можат да се видат многу отпадоци.
-
Македонија 02.05.2025 15:54
Мицкоски: Владината коалиција е одлична
Владината коалиција е одлична. Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека случувањата во „Вреди“ нема да влијаат на стабилноста во владиното мнозинство. Одлуката на Арбен Таравари да ја напушти коалицијата „Вреди“ нема да влијае негативно врз Владата во периодот што следи.
-
Македонија 02.05.2025 15:00
Приведен возач во кумановско, управувал возило под дејство на алкохол
Вчера во 18.20 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ц.(44) од село Жегљане, општина Старо Нагоричане, информираат од МВР.
-
Свет 02.05.2025 14:36
Израел изврши воздушни напади во близина на претседателската палата во Дамаск
Израел изврши воздушни напади во близина на претседателската палата во Дамаск како одговор на насилството во Сирија врз малцинството Друзи во земјата-соопштија израелските одбранбени сили.










