Израелската армија ја продолжува офанзивата. Ги повика жителите на два града во северниот дел на Газа да се евакуираат. Обединетите нации бараат итно укинување на сите ограничувања за достава на хуманитарна помош во енклавата.
Вести
-
Свет 25.04.2025 08:24
-
Свет 25.04.2025 08:19
Трамп тврди дека врши притисок врз Русија
Шефот на Белата куќа вели дека Русија направила прилично голема отстапка за да ја прекине војната во Украина со тоа што не ја зазела целата држава. Трамп, исто така тврди дека врши голем притисок врз Москва и има рок да го склучи мировниот договор Украина-Русија.
-
Македонија 25.04.2025 08:14
Санкциониран возачот кој со возило се движеше по велосипедска патека во скопски Бутел
Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. „Бутелска“ ве известуваме дека настанот се случил на 23.04.2025 околу 16.30 часот.
-
Македонија 25.04.2025 08:08
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 24.04.2025 20:44
Времето утре променливо облачно со дожд и грмежи
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
-
Економија 24.04.2025 20:25
Состојбата со електричната енергија под постојан надзор
На денешниот состанок на ресорската група за енергетика, што се одржа во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, беа разгледани моменталните состојби со снабдувањето со електрична енергија и тековните активности на главните актери во системот.
-
Македонија 24.04.2025 20:06
Обвинителство: Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“
Во рамките на постапката што се води за предметот Адитив, како резултат на екстрахираните електронски докази обезбедени во досегашната постапка, предметните обвинители донесоа Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица.
-
Македонија 24.04.2025 19:51
Повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар за основци
Министерството за образование и наука објави повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар за ученици во основното образование и наставниците што ги подготвиле за натпреварот.
-
Македонија 24.04.2025 19:36
Случај „Адитив“: Претседателката на ДКСК под лупа на истражителите
Проширена истрагата за случајот „Адитив“. Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска под лупа на истражителите заедно со уште две осомничени лица.
-
Македонија 24.04.2025 19:28
Интерпелацијата за Тошковски се очекува да биде на пленарна седница на 29-ти април
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите информира дека на следната пленарна седница која треба да се одржи на 29-ти април се очекува да биде ставена интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица.









