Во саботата на 12 април, на сцената на Народно позориште- Сараево, беше изведена претставата „12“ – силна и провокативна адаптација инспирирана од „12 Angry Men“ на Реџиналд Роуз, во режија на реномираниот Синиша Евтимов.
Вести
-
Култура 14.04.2025 19:41
-
Македонија 14.04.2025 19:15
Перински: Соработката и поддршката како двигател на локалниот развој
Општина Сопиште денеска беше домаќин на иницијативата „Каде што срцето е дома“, во рамки на која министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со неговиот заменик, Ерџан Селими, остварија работна средба со градоначалникот Стефче Трпковски и членовите на општинскиот Совет.
-
Македонија 14.04.2025 18:44
Лишени од слобода седум возачи на територија на СВР Тетово поради пребрзо возење
Вчера полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар при СВР Тетово извршиле контрола за пречекорување на максималната дозволена брзина на движење, при што биле констатирани 128 прекршоци (ТЕ-67 и ГВ-61).
-
Свет 14.04.2025 18:19
Минибус со патници падна во Дунав по судир со друг автомобил во Романија
Сообраќајна несреќа во Романија. Минибус со патници паднал во реката Дунав откако претходно се судрил со автомобил на вијадукт во Иловица.
Патниот сообраќај е целосно блокиран. Сè уште нема информации колку луѓе се превезувале во минибусот во моментот на несреќата.
-
Македонија 14.04.2025 17:49
Трајков: Жените Ромки заслужуваат повеќе
Eкономското зајакнување на жените Ромки е стремежот на македонската Влада кон европската интеграција.
-
Македонија 14.04.2025 17:12
Ден на Царинската управа, годинава наплатени 13,6 милиони евра повеќе од лани
Министерката за финансии, Димитриеска Кочоска американските царини ги гледа како шанса за нашата земја. Не ја исклучува можноста да го зголемиме директниот извоз кон САД. Очекува дека американската администрација ќе ја промени одлуката и ќе има намалување.
-
Македонија 14.04.2025 17:03
Се подобрува состојбата на повредените, двајца остануваат критични
Пациенти коишто заминуваат дома по тешките битки со повредите, се успех и поттик за лекарите. Таква е приказната на 21-годишната пациентка којашто е вратена од странство и во моментот е на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
-
Македонија 14.04.2025 17:02
Палевски негира дека ги грабнал и убил Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
Првообвинетиот Љупчо Палевски негира дека ги убил Вања и Панче, вели дека поседувал 200.000 снимени разговори. Обвини портали за негов „брутален линч“, наведе дека доколку сакал да реализира какво било користољубие, можел да уценува милијардери, но, тоа не го направил.
-
Македонија 14.04.2025 16:47
Хајрулахи и Цветановски на сослушување за дисциплинските постапки
Двајцата виши скопски обвинители, Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски на сослушување пред дисциплинската комисија во врска со наводите дека сториле тешки дисциплински повреди. Седницата е затворена, а рочиштето е почнато во 10 часот.
-
Македонија 14.04.2025 16:37
Венко Крстевски е новиот в.д. градоначалник на Кочани
Советот на Општина Кочани бираше помеѓу двајца кандидати за в.д. градоначалник, независниот Венко Крстевски и кандидатот од редот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Марков.










