Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на состанокот на Воениот комитет на Алијансата на ниво на началници на Генералштабови.
Вести
-
Македонија 18.05.2026 12:00
-
Свет 18.05.2026 11:23
Разговорите за крај на војната на Блискиот Исток во ќор-сокак
Разговорите за завршување на војната на Блискиот Исток во застој. Американскиот претседател со ново предупредување до Иран, времето е од суштинско значење, часовникот отчукува и мора да реагираат брзо, во спротивно нема да остане ништо од нив.
-
Македонија 18.05.2026 10:44
Претседателката Сиљановска- Давкова во Словенија
Претседателката Сиљановска-Давкова е во официјална посета на Словенија. Денеска ќе има билатерална средба со нејзината колешка Наташа Пирц Мусар. Шефицата на државата вчера се обрати на Македонско-словенечкиот бизнис-клуб.
-
Свет 18.05.2026 10:05
Продолжуваат нападите меѓу Украина и Русија
Русија изврши напади со беспилотни летала и ракети врз Украина, целејќи го јужниот град Одеса и реката Днепар. Има повредени. Руското Министерство за одбрана соопшти дека 3.000 украински беспилотни летала биле уништени во изминатата недела.
-
Свет 18.05.2026 09:26
Трамп со предупредување до Иран
Американскиот претседател го предупреди Иран дека часовникот отчукува, откако неколку дена разговорите за завршување на војната се во застој.
-
Економија 18.05.2026 08:55
РКЕ денеска треба да ги соопшти новите малопродажни цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да ги соопшти новите малопродажни цени на горивата, откако Владата одлучи да ги продолжи мерките за ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните и компаниите.
-
Македонија 18.05.2026 08:33
Нова пленарка денеска во Собрание
На собраниската седница, една од точките на дневен ред и предлог-законот за владата, по скратена постапка, поднесен од СДСМ. Се бара забраната за двојно државјанство да важи и за министрите, вицепремиерите и целиот состав на владата и тоа веднаш.
-
Македонија 18.05.2026 08:16
Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 18.05.2026 08:03
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието.
-
Македонија 17.05.2026 19:31
Сиљановска-Давкова: Обновувањето на Македонско-словенечкиот бизнис клуб е важен чекор кон продлабочување на економската соработка
Во рамки на официјалната посета на Република Словенија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати пред членовите на Македонско-словенечкиот бизнис клуб во Љубљана.










