Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Обединети во болката на македонскиот народ, светот и регионот им оддаде почит на загинатите во пожарот во Кочани. Националната галерија и плоштадот во Мелбурн беа осветлени во боите на македонското знаме.
Европската унија ги одложува тарифите што ги најави како контрамерки на американското воведување царини за увоз на челик и алуминиум од ЕУ.
Според официјалните информации од Министерството за здравство, најмногу пациенти се лекуваат во Србија. Земјата прими 30 повредени во несреќата, во Бугарија 15, а по 12 млади луѓе беа испратени во болниците во Грција и Турција.
Македонија во тага. Денови на жалост. Помина најтешкиот ден во историјата на државата. 59 жртви и 196 повредени во страшниот пожар во дискотеката во Кочани. Светот сочувствува со Македонија.
Голем пожар изби во трафостаница во Лондон. Десет противпожарни возила и 70 пожарникари се борат со огнената стихија. Половина од трансформаторите сè уште горат. Поради прекин во електричната мрежа, британскиот аеродром Хитроу денеска ќе биде затворен.
Најтажниот ден во Македонија. Кочани обвиено во црно, во солзи и тага во вечните почивалишта ги испрати жртвите од пожарот во импровизираната дискотека. Семејствата, пријателите, илјадници сограѓани со болка и солзи се збогуваа од прерано згаснатите млади животи.
По наредба на Основното јавно обвинителство Кочани приведени се поранешните градоначалници на Кочани Николчо Илијев, Ратко Димитровски, како и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов.
Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во Виена се сретна со австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рејзингер.
Разговарано за поддршката на Австрија по трагичниот пожар во ноќниот клуб во Кочани во кој загинаа 59 лица.
Голем број граѓани се одзваа на повикот, меѓу другото, на студентите на социјалните мрежи за доброволно дарување крв за лекување на пациентите од Северна Македонија. Голем број граѓани пристигнуваат во Заводот за трансфузија во Белград. Од 7 часот утрово чекаат ред.