Вести
-
Македонија 17.03.2025 15:20
Филипче: Објективна истрага и одговорност
Ние сме рането општество, довербата во институциите е срозена, мора да има целосна и транспарентна истрага, никој не смее да биде поштеден – став на лидерот на СДСМ.Прес-конференцијата на Филипче ја следеше Марина Стојанова-Тонева. -
Македонија 17.03.2025 15:12
Мицкоски: Трагедијата во Кочани претставува масовно убиство – тука нема милост
Трагедијата во Кочани претставува масовно убиство – тука нема милост, за уши ќе ги вадиме и ќе одговараат, порача премиерот Мицкоски. Тој откри дека на ниво на држава се издадени само 12 лиценци за кабареа, што значи дека огромен број објекти работат на диво.
-
Македонија 17.03.2025 14:41
Тошковски: Противзаконски биле користени пиротехничките средства, концертот бил одржан на диво
Прскалките, кои требало да го надополнат сценскиот настап на музичкото дуо, а беа фатални за 59 наши сограѓани, во дискотеката ги внел член на бендот, кој загина во инцидентот. Ова го потврди министерот Тошковски, кој рече дека информацијата ја дал припадник на групата.
-
Македонија 17.03.2025 14:27
Дискотеката требало да биде објект за лесна индустрија, вели директорот на Градежниот инспекторат
Само дел од смртоносната дискотека во Кочани од 50 метри квадратни е легализиран, другиот поседува дозвола од ’99-та година, според тогашните закони за градење согласно урбанистичкиот план, пак, и стариот и новиот, тоа всушност требало да биде објект за лесна индустрија, вели за МТВ директорот на
-
Македонија 17.03.2025 14:20
Народниот правобранител изразува сочувство по повод трагичниот настан во Кочани
Народниот правобранител изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагичниот настан во Кочани, каде при одржување на концерт, во објект кој ни најмалку не наликува на дискотека, животот го загубија 59 лица, од кои најголемиот дел деца и млади.
-
Македонија 17.03.2025 13:59
Хоспитализираните во Софија се во тешка состојба, а дел од пациентите треба да одат во Хрватска
Вкупно осум пациенти, повредени во пожарот, се хоспитализирани во универзитетската болница „Пирогов“ во Софија. Сите се во тешка состојба. Меѓу нив има тројца малолетници – две девојчиња и едно момче, додека останатите се на возраст од 22 до 31 година.
-
Македонија 17.03.2025 13:48
МЗ: Отворена телефонска линија за психолошка поддршка на пациентите
Министерството за здравство информира дека во координација со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за психијатрија се формираат мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои ќе обезбедуваат психолошка поддршка за семејствата и пациентите.
-
Македонија 17.03.2025 13:45
Мицкоски и Таравари во посета на повредените
84 пациенти од трагичниот настан во Кичево се во Скопје, до крајот на денот уште 26 ќе се испратат на лекување во други држави. Во Македонија ќе останат 58 пациенти.
-
Македонија 17.03.2025 13:42
Средношколците од Штип се збогуваат со своите соученици
Соучениците на жртвите во трагедијата во Кочани се збогуваат со нивните другари. Славица Величковска известува од Штип.
-
Македонија 17.03.2025 13:37
Продолжува истрагата за трагедијата, приведените на распит
Во дискотеката немало хидрантска мрежа, ниту доволно противпожарни апарати, незаконски биле користени пиротехнички материјали. Продолжува истрагата за трагедијата. Обвинителскиот тим е проширен на вкупно 9 обвинители, се проверуваат сервери и потписи во Министерството за економија.










