Американска делегација на разговори во Москва го претставува договорот од Џеда за прекин на огнот на кој претходно се согласи Украина. Трамп се надева на позитивен исход без да има потреба од притисок, иако не ја исклучи и таа можност.
Вести
-
Свет 13.03.2025 09:52
-
Македонија 13.03.2025 09:36
Претрес во струшко, пронајдени оружје и муниција
Вчера во 08.00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Џ.Д.(71) од с. Делогожда, струшко.
-
Свет 13.03.2025 09:17
Земјотрес со јачина од 4,4 степени го погоди Неапол
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Неапол во 1 часот и 25 минути по полноќ на мала длабочина од три километри, соопштија италијанските сеизмолози.
Напојувањето со електрична енергија беше прекинато во делови од Неапол.
-
Македонија 13.03.2025 08:57
Трибина за пет години од членството на државава во НАТО
Во Домот на АРМ денеска ќе биде организирана трибина „Пет години членство на Република Северна Македонија во НАТО: Постигнувања, перспективи и предизвици“.
Организатори се Дипломатскиот клуб – Скопје и Здружението на ветераните и резервистите од областа на одбраната и безбедноста.
-
Свет 13.03.2025 08:53
Мирните демонстрации на пензионерите во Буенос Аирес завршија со жестоки судири
Буенос Аирес повторно гори. Мирните демонстрации на пензионерите поддржани од фудбалските навивачи против мерките за штедење на претседателот Милеи, завршија со жестоки судири. Полицијата со водени топови и солзавец, толпата со палети и камења.
-
Свет 13.03.2025 08:43
Канада возвраќа на царините на Трамп
Трговската војна ескалира. По ЕУ, и Канада им возвраќа на САД за воведените царини од 25 насто за алуминиумот и челикот, наметнувајќи строги нови даноци за американските производи, од текстил до говедско месо и бурбон. Трамп вети дека ќе одговори на одмаздничките тарифи на ЕУ.
-
Македонија 13.03.2025 08:40
Претседателката Сиљановска-Давкова учествува на 12-от Глобален Баку форум
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе се обрати на отворањето на 12-от Глобален форум во Баку насловен „Преиспитување на светскиот поредок: Претворање на предизвиците во можности“.
-
Македонија 13.03.2025 08:37
Одбележување на Денот на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР
Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица – ТИГАР.
На настанот ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на САЕ ТИГАР Драган Прокоповски.
-
Македонија 13.03.2025 08:35
Денеска седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
-
Македонија 13.03.2025 08:32
Во Кривичен денеска треба да биде објавена пресудата за убиството кај „Мавровка“
Попладне скопскиот Кривичен суд треба да му изрече пресуда на убиецот кој минатото лето среде бел ден, со еден истрел во градите го застрела 59 годишниот Васил Ефтимов на паркингот кај Мавровка. Сторителот на рочиштето призна вина.










