Над 170 лица чекаат шанса за втор живот. Листата за трансплантација на бубрег е долга. Денеска е Светски ден на бубрегот.
Наташа Јанчиќ известува за Светскиот ден на бубрегот и предизвиците со кои се соочуваат пациентите.
Над 170 лица чекаат шанса за втор живот. Листата за трансплантација на бубрег е долга. Денеска е Светски ден на бубрегот.
Наташа Јанчиќ известува за Светскиот ден на бубрегот и предизвиците со кои се соочуваат пациентите.
По вчерашните изјави на евроамбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски за прашањето Скопје-Софија, дека јавноста и политичарите слушнаа многу изјави, но не и дела, денеска реагираше бугарското МНР. Велат дека премиерот Мицкоски демонстрира недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Баку, Азербејџан, учествува на 12-тиот глобален форум.
Во Кривичниот суд денеска се очекува пресуда за убиството кај „Мавровка“. На последното рочиште обвинетиот Елвин Куртовиќ се изјасни за виновен, но дека убиството било несреќа.
Известува Анита Димитријевска-Велковска.
Партиски луѓе не треба да има во судството, изјави денеска премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со интерпелација на Судскиот совет и барањето на оставка на државниот обвинител Коцевски.
Системот за управување со ризици и податочен склад со грант од Република Кореја ќе претставува еден од темелите за економски развој на државата. Реализацијата на системот се одвива согласно планот, при што истиот се очекува целосно да биде имплементиран до крајот на август.
Вчера во 06.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.П.(26) од Скопје, со престој во Струмица.
Почна трговската војна меѓу САД и Европската унија. И Канада го возвраќа ударот. Воведуваат нови даноци за увоз на палета американски производи. Американскиот претседател се закани дека ќе одговори на одмаздничките тарифи воведени од Европа и од Канада.
Универзитетската Клиника за Гинекологија и Акушерство го воведува Tension-Free Vaginal Tape (TVT) и Transobturator Tape (TOT) – напредни минимално инвазивни хируршки методи за третман на неволно испуштање на урина, со што се отвора ново поглавје во грижата за женското здравје во Македонија.
Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со полициски службеници од ОВР Крива Паланка, утрово, во кривопаланечкото село Жидилово, спроведоа вонреден инспекциски надзор во три одгледувалишта за говеда и направија нов обид за одземање на животни од видот гове