Дијалогот Вашингтон – Киев продолжува. Шефот на американската дипломатија, Рубио, допатува во Саудиска Арабија на разговори со украински претставници, неколку дена по одлуката на претседателот Трамп, да ја прекине воената помош за Украина.
Вести
-
Свет 10.03.2025 09:26
-
Свет 10.03.2025 09:24
Протести во Романија по одбиената кандитатура на Џорџеску
Хаос на улиците во Романија. Илјадници луѓе излегоа на протест против одлуката на Централната изборна комисија да му се забрани на кандидатот на екстремната десница, Калин Џорџеску, да се кандидира за прегласувањето на изборите во мај годинава.
-
Македонија 10.03.2025 08:58
ЦУК: Викендов регистрирани 60 пожари на отворен простор, 9 се сè уште активни
Во текот на последните 24 часа на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се регистрирани вкупно 2007 повици. Од нив „реални“ повици биле 1.178, а останатите 829 биле за други потреби на граѓаните кои не биле итни, информираа утрово од Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 10.03.2025 08:48
Интерпелациите на членови на Судскиот совет утре на седница
Утре на пленарна седница интерпелациите за петтемина членови на Судскиот совет. Еден час претходно тие ќе се изјаснат за барањето за смена пред претседателот на советот.
-
Свет 10.03.2025 08:37
Новото раководство на Сирија со осуда за насилствата
Сирискиот привремен претседател со осуда за насилството во земјата меѓу сириските безбедносни сили и борците лојални на соборениот режим на Башар ал Асад.
-
Свет 10.03.2025 08:34
Израел ја запре електричната енергија за Газа
Израел го запре снабдувањето со електрична енергија во Газа една недела откако ги прекина сите испораки на хуманитарна помош на територијата со над два милиона луѓе.
-
Свет 10.03.2025 08:23
Во Ријад продолжува дијалогот Вашингтон – Киев
Дијалогот Вашингтон – Киев продолжува во Ријад. Зеленски ќе разговара со саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман, а украинската делегација ќе се сретне со американскиот државен секретар Рубио и други високи претставници на Белата куќа.
-
Македонија 10.03.2025 08:21
Седници на седум собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика, за образование, наука и спорт, за земјоделство, водостопанство и шумарство, за финансирање и буџет, за социјална политика, демографија и млади и Законодавно-правната комисија.
-
Македонија 10.03.2025 08:14
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 10.03.2025 08:00
Сончево и топло со мала облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.










