Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ќе реализира посета во Општина Струмица, во рамките на која ќе се остварат значајни средби и активности поврзани со културното наследство и развојот на културата во регионот.
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ активни во подготовка за локалните избори. Се мерат рејтинзите за кандидатите за градоначалници кои ќе учествуваат на изборната трка.
Речиси сите партии најавија дека имињата на кандидатите ќе ги објават во април. Локалните избори ќе се одржат во октомври.
„Заложничка драма“ на скопскиот аеродром е вежбата што ја изведуваа специјалните сили за антитероризам при МВР и безбедносните служби на аеродромот.
Наместо на прошетка во парк на топлиот мартовски ден, многу деца дојдоа во детската болница Козле. Поради растечен нос, кашлица, чешање на очите, некои и со бронхоопструкции, побараа лекарска помош. Дежурниот доктор Доксимовски вели, тоа се првите симптоми на алергии.
Судскиот совет во вторник ќе се изјасни дали ќе учествува на собраниската седница за интерпелација на петтемина членови, вели поранешната претседателката на Советот, Весна Дамева за МТВ.
Геополитичките поместувања ги тресат сојузите, децениските извесности се распаѓаат, и сè уште имаме брутална војна што беснее на нашите граници, изјави шефицата на Европската Комисија.
50-годишниот Ванчо Ѓоргиев од валандовско Пирава беше најмладиот земјоделец кој продаваше зеленчук на пазарот во Струмица. Нудеше сезонски зеленчук кој со семејството го има произведено.
Бројките кои ги објави СВР Велес, за подрачјето на град Велес, заедно со општините Чашка и Градско, за минатата година е дека бројот е помал за 29 сообраќајки во однос на 2023 година. Намален е и бројот на повредени и жртвите.
Веќе 13 години сама произведува овчо сирење. Во сезоната април-август прави преку 1.600 килограми сирење за кое имаат постојани муштерии. Арбана Маркоска од Прилеп, мајка, сопруга, производителка, занаетот го научила откако станала македонска невеста и го напуштила родителскиот дом во Албанија.