Десет осигурителни компании здружени во картел ги зголемувале цените и направиле директна штета на граѓаните и стопанството. Ова го констатира Комисијата за заштита на конкуренцијата, а Министерството за финансии почна постапка против нив. Повеќе информации од Марина Стојанова-Тонева.
Вести
-
Економија 05.03.2025 13:31
-
Македонија 05.03.2025 13:23
Мицкоски: Немешање во правниот поредок
Премиерот Мицкоски по враќањето од Будимпешта денеска заедно со министерот за локална самоуправа Перински во теренски посети на општините. Многу дилеми околу локалните избори. ДУИ се закани дека ќе ги бојкотира локалните избори.
-
Македонија 05.03.2025 13:17
Продолжи судењето за двојното убиство, одбраната презентира докази
Во Кривичниот суд ново рочиште за двојното убиство. Одбраната ги презентира доказите на првообвинетиот Палевски. Што се случуваше денеска во судницата?Ирина Гелевска го следи судењето. -
Македонија 05.03.2025 13:14
Кривична пријава за обвинителот Коцевски
Додека Советот на јавните обвинители го разгледува предлогот за разрешување на државниот обвинител Коцевски, Македонската телевизија дознава дека денеска за него стигна кривична пријава од виш обвинител.
Повеќе од Анита Димитријевска-Велковска.
-
Свет 05.03.2025 12:48
Српското Собрание денеска продолжи со работа, засега без присуство на опозицијата
По бурната седница со инциденти, физичка пресметка, солзавец, шок бомби и три повредени пратенички, Собранието денес и покрај барањето на опозицијата да се расправа само за студентските барања и оставка на Владата, продолжи со работа со расправа за 70 законски проекти.
-
Македонија 05.03.2025 12:39
Муртезани: Поддршката на Шведска претставува пошироко стратешко партнерство
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на делегација на амбасадори на Шведска во посета на Министерството за европски прашања, со кои одржаа тркалезна маса во контекст на шведската поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија.
-
Македонија 05.03.2025 12:36
Жртви поради ниска сообраќајна култура и свест
Македонските патишта остануваат закана за човековиот живот. Две жртви за едно деноноќие. Речиси секојдневно се случуваат сообраќајки во кои смртно страдаат учесниците. 19 годишник од Тетово беше приведен откако по сообраќајка со друго возило почина 81 годишна жена.
-
Свет 05.03.2025 12:30
Трамп се обрати пред Конгресот
Америка се враќа на сцената, порака која провејуваше говорот на шефот на Белата куќа.
-
Свет 05.03.2025 12:24
Годишна седница на Националниот народен конгрес во Кина
Годишна седница на Националниот народен конгрес во Кина. Над три илјади делегати ќе дискутираат седум дена за политичките и економските цели за годинава.
-
Свет 05.03.2025 12:00
Трудо: Целта на американскиот претседател Трамп е да ја уништи канадската економија
Ние само сакаме да ги заштитиме нашите бизниси и нашите луѓе, истакна шефот на Белата куќа во обраќањето пред Конгресот. Трамп вети дека на втори април ќе бидат воведени реципрочни тарифи за повеќето трговски партнери на земјата, меѓу кои и за ЕУ.










