Вработените во маркетите ги коригираат цените на дел од производите, откако стапи на сила владината одлука за ограничени маржи и замрзнување цени. Се лепат нови етикети, а целиот процес треба да заврши за два дена, велат од Државниот пазарен инспекторат.
Вести
-
Економија 21.02.2025 17:36
-
Македонија 21.02.2025 17:26
Специјализантите сè уште чекаат вработување, од Таравари добија ново ветување
Приватните специјализанти се сретнаа со министерот за здравство, но место вработување, добија ново ветување. Првите 300 ќе бидат вработени до април, останатите до Нова година.
-
Македонија 21.02.2025 17:14
Несогласувања за државните вработувања
Владата има одлука за трансформирање на работниот однос на 1.500 вработени во здравството, кои со години работат на договор на дело, истакна вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити. Претходно на партиски состанок тој најави вработување на 1.000 Албанци во администрацијата.
-
Македонија 21.02.2025 17:00
Потребни се измени на пет закони за да профункционира системот „Безбеден град“
За поголема безбедност во сообраќајот потребни се измени на 5 закони за да профункционира системот „Безбеден град“ од 1-ви јануари 2026-та. Казни ќе има за сите учесници во сообраќајот, ако направат прекршок.
-
Македонија 21.02.2025 16:44
Обвинителството со видеоснимки докажуваше движење на обвинетите за свирепото убиство
Надзорните камери од дворот на куќата во која живеел Велибор Манев ги уловила четворицата обвинети за убиството на Вања и Панче, тврди Обвинителството.
-
Македонија 21.02.2025 16:30
Сиљановска-Давкова: Нема никаква потреба да се менуваат државниот грб и химна
Нема никаква потреба да се менуваат државниот грб и химна идентични ставови на претседателката Сиљановска-Давкова и првиот академик Попов, по отворените прашања во земјава. Ја одразуваат историјата, а грбот е повеќе со географски обележја.
-
Економија 21.02.2025 16:13
Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем
Одобрени се првите кредити од унгарскиот заем за кои аплицирале голем број компании – истакна министерката Димитриеска-Кочоска на средбата со бизнис еснафот. Очекува оваа инвестиција да зголеми продуктивноста, да ја зајакне конкурентноста.
-
Свет 21.02.2025 16:04
Израелските власти истражуваат можен терористички напад јужно од Тел Авив
Израелските власти истражуваат можен терористички напад јужно од Тел Авив откако експлодираа три автобуси во Бат Јам. Воведени се рестрикции за палестинското движење и затворени делови од Западниот Брег.
-
Економија 21.02.2025 15:40
Димитриеска-Кочоска: Малите и средните претпријатија се двигателот на нашата економија, поддршка за нивните инвестиции
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ги продолжи средбите со бизнис заедницата.
-
Македонија 21.02.2025 15:10
Одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
Фактор е на нашиот идентитет и култура и водилка на препознатливост низ мноштвото мајчини јазици на другите. Покрај седумте опфатени со Уставот во земјава, имаме богатство јазици на заедниците. Зборуваат, пишуваат, комуницираат, а годинава за првпат се натпреваруваат.









