По смртоносните поплави, зимска бура и се заканува на американската сојузна држава Кентаки. Властите издадоа предупредувања за големи наноси снег и лоши временски услови кои можат да бидат исто толку опасни како и водата.
Вести
-
Свет 19.02.2025 08:41
-
Македонија 19.02.2025 08:40
Денеска седница на Уставен суд
Уставниот суд денеска на седница ќе расправа по предметот во кој е оспорена одредба од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители, а се однесува на оценување на стажот на јавните обвинители во периодот на нивното членување во Советот на јавни обвинители.
-
Свет 19.02.2025 08:39
Хамас и Израел ја забрзаа размената на заложници
Израел и Хамас се договорија да ја забрзаат следната размена на заложници за затвореници. Хамас потврди дека во сабота ќе ослободи уште шестмина киднапирани-една недела пред предвиденото, а утре ќе ги вратат останките на четворицата мртви заложници.
-
Македонија 19.02.2025 08:36
Министерот Николоски на глобален состанок на добавувачи и логистика на дивизијата за автомобилска електроника
Денеска, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, ќе присуствува на глобалниот состанок на добавувачи и логистика на дивизијата за автомобилска електроника.
Состанокот ќе се одржи во компанијата Костал во Охрид.
-
Свет 19.02.2025 08:36
Зеленски ја одложи посетата во Ријад
Украинскиот претседател Зеленски кој не го криеше незадоволството од американско-руските разговори во Ријад без негово присуство на преговарачката маса, ја одложи денешната планирана средба на Саудиска Арабија за 10 март, не сакајќи неговата посета на било кој начин да биде поврзана со овие диску
-
Македонија 19.02.2025 08:35
Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 19.02.2025 08:31
Асоцијацијата на одбранбени атешеа акредирани во РС Македонија во посета на Собранието
Во посета на Собранието денеска ќе престојува Асоцијацијата на одбранбени атешеа акредирани во Република Северна Македонија.
Како што информираат од собраниската прес-служба, Асоцијацијата ќе оствари средба со членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.
-
Македонија 19.02.2025 08:26
Во Собранието ќе заседава Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика
Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика.
Членовите на Комисијата ќе го разгледуваат Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, во второ читање.
-
Свет 19.02.2025 08:22
Макрон организира нов состанок за Украина
Франција организира нов состанок за Украина со фокус на одржаните преговори меѓу Вашингтон и Москва во Ријад. Макрон загрижен дека Трамп може повторно да го придвижи полезниот дијалог со Путин, чија средба би можела да се случи веќе идната недела.
-
Економија 19.02.2025 08:06
Финансиска поддршка во овоштарството
Корисници на финансиската поддршка во овоштарството се земјоделските стопанства кои имаат насадени површини од минимум 0,2 хектари збирно за сите видови овошки.










