Најстудено утрово било во Берово каде што се измерени-10 степени, -7 било во Крива Паланка, Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Куманово, Велес и Крушево, -5 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, Демир Капија и Струмица, -4 во Претор, Кавадарци и Виница, -3 во Охрид
Вести
-
Македонија 11.02.2025 09:00
-
Свет 11.02.2025 08:56
Зеленски најави дека оваа недела тимот на Трамп ќе ја посети Украина
Претседателот на Украина најави дека оваа недела тимот на американскиот претседател Трамп ќе ја посети Украина. Зеленски одново потенцираше дека заедничката визија на Вашингтон и Киев треба да биде како да се запре Путин и како да се дадат гаранции за безбедноста на Украина и Украинците.
-
Македонија 11.02.2025 08:43
Средба на министерот Муцунски со претставници на Европско-австралискиот бизнис совет
Продлабочувањето на економската соработка е во фокусот на работната посета на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во Австралија.
-
Свет 11.02.2025 08:34
Не запираат потресите на Санторини
Не запираат потресите на Санторини. Два земјотреса од 5,3 и 5,2 по Рихтер во интервал од една минута се случија вчеравечер покрај бреговите островот.
-
Економија 11.02.2025 08:33
Нов инвестициски циклус, ЕСМ ќе потпише договори со KfW
Под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе бидат потпишани сепаратните договори меѓу АД ЕСМ и Банкарска група KfW, германска јавна финансиска институција за поддршка на претприемништвото и на малите и средните претпријатија, информираат од Владата.
-
Македонија 11.02.2025 08:29
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 11.02.2025 08:27
САД воведе царина од 25% на целиот увоз на челик и алуминиум
Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 25% на целиот увоз на челик и алуминиум во САД, без исклучоци или откажувања. Главните американски добавувачи на челик се Канада, Бразил и Мексико.
-
Економија 11.02.2025 08:16
Закуп на земјоделско земјиште
Државата нуди под закуп земјоделско земјиште, распоредено во 10 региони и тоа во: Гази Баба, Струмица, Пехчево, Кисела Вода, Гевгелија, Чаир, Валандово, Куманово, Радовиш и во Штип.
-
Свет 11.02.2025 08:12
Трамп: Прекинот на огнот во Газа може да заврши в сабота доколку заложниците не бидат ослободени
Американскиот претседател Трамп изјави дека ќе предложи прекин на примирјето меѓу Израел и Хамас и ќе дозволи да се направи пекол доколку сите заложници во Газа не бидат ослободени до сабота напладне.
-
Македонија 11.02.2025 08:11
Денеска во Собранието седници на четири комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за еднакви можности на жените и мажите, за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија.










