Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска ја продолжува дводневната работна посета на Брисел, во чии рамки ќе има средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос.
Вести
-
Македонија 05.02.2025 08:55
-
Македонија 05.02.2025 08:43
Расправа за дигитална писменост во Собранието
Во Собранието денеска ќе се одржи расправа на тема „Дигитална писменост“ со учесници на Еразмус-програмата.
-
Свет 05.02.2025 08:41
Поради земјотреси масовно напуштање на Санторини
Околу 11.000 луѓе го напуштиле Санторини со траекти и авиони за да се засолнат на безбедно. Во последните неколку дена на популарниот туристички остров се регистрирани стотици земјотреси на секои неколку минути. Властите решија да ги затворат училиштата до петок.
-
Свет 05.02.2025 08:36
Зеленски со услов за преговори со Путин
Украинската армија објави дека воздухопловните сили го нападнале командното место на Русија во областа Курск. Од друга страна, Москва порачува дека ООН мора силно да одговорат на нападот од вооружените сили на Украина на автобус со деца во областа Запорожје.
-
Свет 05.02.2025 08:34
Десетмина загинати во вооружен напад во Шведска
Најмалку 10 лица се убиени, а неколкумина ранети во пукање во училиште за возрасни, сместено во кампус во градот Оребро, централна Шведска.
Полицијата потврди дека напаѓачот е меѓу загинатите. Според првичните наводи, мажот дејствувал сам. Се истражуваат мотивите.
-
Македонија 05.02.2025 08:30
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 05.02.2025 08:30
Средба Трамп-Нетанјаху
Средба Трамп-Нетанјаху во Белата Куќа. Американскиот претседател предложи трајно преселување на Палестинците од Газа во соседните земји.
-
Македонија 05.02.2025 08:18
Уставниот суд денеска ќе одлучува за Законот за данок за солидарност
Уставниот суд денеска треба да донесе конечна одлука за предметот во кој е оспорен Законот за данок за солидарност. Постапката за оценување на уставноста на оспорениот закон беше поведена на 20-ти ноември минатата година.
-
Македонија 05.02.2025 08:08
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи две седници
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците
-
Економија 05.02.2025 07:57
Најава за нов јавен повик од ИПАРД 3 програмата
Земјоделците можат да се подготвуваат за аплицирање на новиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата.










