Најстудено утрово е во Битола со-4 степени, во Прилеп е-3, Тетово-1, два степена над нулате е во Скопје, а најтопло е во Крушево 4 степени.
УХМР соопшти дека на Попова Шапка има снежна покривка од 44 сантиметри, во Крушево 18, а во Битола 11.
Најстудено утрово е во Битола со-4 степени, во Прилеп е-3, Тетово-1, два степена над нулате е во Скопје, а најтопло е во Крушево 4 степени.
УХМР соопшти дека на Попова Шапка има снежна покривка од 44 сантиметри, во Крушево 18, а во Битола 11.
Прекинот на огнот во Газа продолжува. Израел во исчекување на новиот список од Хамас со четворицата заложници кои треба да бидат ослободени утре во втората размена за палестински затвореници. Кревкото примирје го зголеми приливот на помош во енклавата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.
Намалена видливост поради магла има од 50 м до 100 м на следниве патните правци Гостивар-Тетово-Скопје, Велес-Катланово, Струмица-Кочани-Штип и Сарамзалино.
По повод Св. Сава – националниот празник на српската заедница во РС Македонија, Министерството за односи меѓу заедниците организира настан на кој ќе присуствуваат и ученици од 1 до 5 одделение од ЦУ „Табановце“ со подрачните училишта од селата Четирце и Горно Коњаре.
Украина изврши нови напади врз Русија. Москва тврди дека Киев целел кон руската престолнина, во текот на ноќта собориле над 120 дронови. Американскиот претседател Трамп изјави дека сака веднаш да се сретне со неговиот руски колега Путин за ставање крај на конфликтот.
Времето денеска по котлините во поголем дел од денот ќе биде магливо и постудено. Во останатите подрачја сончево со умерена облачност и претежно тивко.
Генерален штрајк во Србија на повик на студентите кои повеќе од два месеца протестираат поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад.
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на патот Катланово-Градманци во Општина Петровец.
Прв јавен говор на американскиот претседател Доналд Трамп пред меѓународната публика.
Преку видео врска пред светските лидери во Давос изјави дека ќе бара од сите земји на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана за пет насто.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и