Четири децении произведувам ориз, вакво нешто се нема случено, вели земјоделец од Облешево. Откупувачите нудат цена далеку под производната.
Оризопроизводителите се револтирани, стигнуваат за наплата долговите од претходната производна сезона.
Четири децении произведувам ориз, вакво нешто се нема случено, вели земјоделец од Облешево. Откупувачите нудат цена далеку под производната.
Оризопроизводителите се револтирани, стигнуваат за наплата долговите од претходната производна сезона.
По спроведената истражна постапка во предметот под кодно име Премин, надлежниот јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, денеска до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт
Избришано е видеото кое во изминативе денови се ширеше на социјалните медиуми, на кое беше прикажан лидерот на ДУИ, Ахмети во униформа на УЧК со порака дека досега не загубил ниту една војна.
Читалната во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ повторно ќе работи нонстоп, откако 1.700 студенти потпишаа онлајн петиција во која бараа продолжено работно време во пресрет на испитната сесија.
Денеска, барем малку, дишеме почист воздух. Во повеќе градови вредностите на ПМ-честички се во дозволените граници, во Струмица е прекинат прагот на алармирање, но на неколку места сè уште има аерозагадување, што покажува дека проблемот е сериозен.
Расте бројот на заразени од грип, но сè уште сме далеку од пикот. Вирусот е удар врз здравјето, но и удар врз џебот. Сите оние витамини и додатоци кои помагаат да се справиме со грипот чинат пари.
Известува Андријана Ѓурческа
Истекува важноста на мерката „Празнична потрошувачка кошница“. Трае уште пет дена. Мислењата поделени дали ефектите се постигнати, особено што дел од трговците манипулираа со цените на производите, за што беа укорени од премиерот Мицкоски.
Известува Борис Грујоски.
Жешко на првата собраниска седница по празниците. Дури пет интерпелации се пред пратениците, поднесени за работата на четворица министри, но и за народната избраничка Илире Даути, која го блокираше Законот за бранители. Секоја се разгледува посебно, но ниту една не се очекува да помине.
Откако министерот за здравство Арбен Таравари го затвори случајот со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника, велејќи дека нема одговорност кај лекарите, опозицискиот СДСМ смета дека се прави обид да се заташка целата работа.
На 14-ти јануари со получасовен протест, синдикалците на УПОЗ ќе го изразат незадоволството поради неприфаќањето на нивните барања за потпишување на Колективен договор.