Од 07:00 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато. Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Вести
-
Македонија 26.12.2024 08:37
-
Свет 26.12.2024 08:31
Пет новинари загинаа во израелски напад во Газа
Израел погоди медиумско возило паркирано пред болница во Газа, загинаа пет новинари. Тел Авив го потврди инцидентот, вели-цел биле терористи од палестинскиот Исламски џихад. Ракетирани и други места во енклавата, додека расте бројот на премрзнати бебиња поради нехуманите услови.
-
Македонија 26.12.2024 08:31
Во Собранието пратенички прашања
Собранието денеска ќе ја одржи 26-тата седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања.
Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот.
Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.
-
Македонија 26.12.2024 08:27
Денеска во Собранието заседаваат две комисии
Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за култура и туризам и Законодавно- правната комисија.
-
Македонија 26.12.2024 08:20
ДИК денеска ќе ја одржи 117-та седница
Државната изборна комисија денеска ќе ја одржи 117-та седница, на чиј дневен ред е Предлог – Стратешкиот план на ДИК за периодот 2025-2028 година.
Членовите на ДИК ќе ги разгледаат записниците од 115-та и од 116-та седница.
денеска ќе ја одржи 117-та седница
-
Економија 26.12.2024 08:05
Наскоро нови огласи за закуп на земјиште
Деновиве треба да се објават четири јавни повици за закуп на државно земјоделско земјиште и еден за легализација на веќе подигнати долгогодишни насади.
Огласите може да бидат само за закуп на парцели поголеми или само за помали од 3 хектари.
-
Македонија 26.12.2024 08:02
Oблачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег
Променливо облачно и студено со повремен локален снег во северните делови од земјата, а во југоисточните со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h.
-
Македонија 25.12.2024 21:41
Приведен криминалец баран со потерница
Вчера во 06.05 часот на ул.„Дижонска“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Б.У. (50) од Скопје, информираат од МВР.
-
Македонија 25.12.2024 21:25
Заменик министерката Трајков го посети INNOX.MK – иновативен центар за технолошки развој
Заменик министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков, го посети INNOX.MK – иновативниот центар посветен на технолошки развој, дигитализација и поддршка на стартап екосистемот во Македонија.
-
Македонија 25.12.2024 21:04
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања и измама во службата
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворск










