Од ноќеска најголемиот производител на струја РЕК Битола повторно работи со два блока, откако вчера рано утринава комбинатот беше целосно надвор од мрежа. Од ЕСМ соопштија дека поради надворешни влијанија настанал проблем со блоковите, но за што точно станувало збор сè уште се утврдува.
Вести
-
Економија 21.12.2024 13:45
-
Македонија 21.12.2024 13:39
Скопјани наскоро ќе добијат вода
Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски Водовод.
-
Македонија 21.12.2024 13:15
Нема вода, ама фризерските салони работат
Предновогодишните журки во главниот град почнаа, закажани се пред најавата за прекинот на водоснабдувањето. Разубавувањето не може да се одложи, жените веќе смислиле како ќе ги направат фризурите. И фризерките и муштериките се снашле, па салоните се пуштени на најјако.
-
Свет 21.12.2024 13:08
Русија ја нападна Украина со 113 беспилотни летала
Русија во текот на ноќта ја нападна Украина со 113 беспилотни летала.
Украинското воздухопловство објави дека Русија истрелала една ракета С-400 кон централна Украина, но во нападот нема штета.
-
Свет 21.12.2024 13:06
Конгресот на САД усвои нацрт-закон за финансирање на владата
Сенатот на САД го усвои нацрт-законот за финансирање на Владата.
Нацрт-законот, што го чека потписот на Бајден, ќе го продолжи владиното финансирање до 14-ти март.
-
Свет 21.12.2024 13:02
Ракета истрелана од Јемен експлодира во Тел Авив, повредени се 16 лица
Ракета истрелана од јеменските Хути експлодираше во парк во јужен Тел Авив. 16 лица се полесно повредени меѓу кои и едно тригодишно девојче.
Лансирањето на ракетата ги активираше сирените низ централен Израел. Војската потврди дека обидите за пресретнување не успеале.
-
Свет 21.12.2024 12:40
Расте бројот на жртви по нападот во Магдебург
Предбожикната магија се претвори во кошмар откако автомобил влета во преполниот божикен базар во Магдебург, Германија. Расте бројот на жртви. Десетици се повредени. 50-годишнен маж е уапсен.
-
Свет 21.12.2024 12:25
Ден на жалост во Хрватска
Ден на жалост во Хрватска по нападот со нож во основното училиште „Пречко“ во Загреб, каде што едно седумгодишно дете загина, а тројца ученици и наставник се повредени.
Според хрватските медиуми, наставникот и учениците се под медицински надзор и во стабилна здравствена состојба.
-
Македонија 21.12.2024 12:06
Синоќа во Битола стартуваше „Зимска приказна 2024“
Со предновогодишно дефиле на дувачкиот оркестар, танцот на снегулките и промоција на отвореното лизгалиште на плоштадот Магнолија битолчани ја започнаа богатата зимска приказна подготвена за сите вкусови.
-
Македонија 21.12.2024 11:03
Водата нема веднаш да биде безбедна за пиење по нејзиното пуштање
Институт за јавно здравје претходно даде насоки за подготовка до граѓаните, здравствените лица и угостителските објекти во контекст на тековното исклучување на вода. Денес нашите препораки се во насока за кои чекори треба да се преземат одкако водата ќе биде пуштена.










