Од Косово Артан Груби најверојатно преминал во Албанија. Своите сомнежи ги искажа првиот вицепремиер во Владата Изет Меџити. Вели дека на политичарите е да дадат порака дека борбата против корупцијата е бескомпромисна и никој не е над Законот.
Вести
-
Македонија 21.12.2024 16:07
-
Македонија 21.12.2024 15:43
Активизам против пиротехнички средства
Повреди на раце, нозе, лице, опекотини и трајни телесни инвалидитети се дел од повредите во десетиците несреќи годишно, кои се препишуваат на експлозиите од петарди.
-
Македонија 21.12.2024 15:10
Скопје полека добива вода, заврши санацијата и реконструкцијата на главниот цевковод
Саниран е дефектот на главниот градски водоводен цевковод. Откако водоводниот систем ќе се наполни целосно со вода, ќе потече од сите чешми. Сменети се големите затворачи од 1.600 милиметри.
-
Македонија 21.12.2024 14:45
Препораки на ИЈЗ по отстранувањето на дефектот на водоводната мрежа
По отстранувањето на дефектот на водоводната мрежа ризикот по здравјето е поголем оти водата е микробиолошки неисправна, велат од Институтот за јавно здравје. Предупредуваат дека водата не смее веднаш да се користи, да се почека барем еден час пред консумирање или ако баш мора, да се преврие.
-
Свет 21.12.2024 14:17
Протест и контра протест во Јужна Кореја
Протест и контра протест во Јужна Кореја. Илјадници приврзаници се собраа во центарот на Сеул против отповикувањето на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол од страна на парламентот и повикаа на итно апсење на опозицискиот лидер Ли Јае-Мјунг.
-
Економија 21.12.2024 13:45
РЕК Битола врати во функција два блока
Од ноќеска најголемиот производител на струја РЕК Битола повторно работи со два блока, откако вчера рано утринава комбинатот беше целосно надвор од мрежа. Од ЕСМ соопштија дека поради надворешни влијанија настанал проблем со блоковите, но за што точно станувало збор сè уште се утврдува.
-
Македонија 21.12.2024 13:39
Скопјани наскоро ќе добијат вода
Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски Водовод.
-
Македонија 21.12.2024 13:15
Нема вода, ама фризерските салони работат
Предновогодишните журки во главниот град почнаа, закажани се пред најавата за прекинот на водоснабдувањето. Разубавувањето не може да се одложи, жените веќе смислиле како ќе ги направат фризурите. И фризерките и муштериките се снашле, па салоните се пуштени на најјако.
-
Свет 21.12.2024 13:08
Русија ја нападна Украина со 113 беспилотни летала
Русија во текот на ноќта ја нападна Украина со 113 беспилотни летала.
Украинското воздухопловство објави дека Русија истрелала една ракета С-400 кон централна Украина, но во нападот нема штета.
-
Свет 21.12.2024 13:06
Конгресот на САД усвои нацрт-закон за финансирање на владата
Сенатот на САД го усвои нацрт-законот за финансирање на Владата.
Нацрт-законот, што го чека потписот на Бајден, ќе го продолжи владиното финансирање до 14-ти март.










