Германскиот Бундестаг му изгласа недоверба на канцеларот Олаф Шолц. Од вкупно 717 гласа, 207 му дадоа доверба на Шолц, 394 не, а 116 беа воздржани.
Планот на Шолц беше да ја изгуби довербата за да го отвори патот за нови избори на 23-ти февруари.
Германскиот Бундестаг му изгласа недоверба на канцеларот Олаф Шолц. Од вкупно 717 гласа, 207 му дадоа доверба на Шолц, 394 не, а 116 беа воздржани.
Планот на Шолц беше да ја изгуби довербата за да го отвори патот за нови избори на 23-ти февруари.
По неколкумесечна предистражна постапка на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гоење на организиран криминал и корупција и Истражниот центар, како и истражители од Лабораторијата за дигитална форензика, во текот на вчерашниот ден во соработка со МВР беше спроведена акција во струш
Полицијата поднесе кривична пријава против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, поради основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Над 190 населени места во Украина се под контрола на руската армија. Жителите на Доњецк, под закана од офанзивата на Покровск, бегаат кон Дњепропетровск. Цело мало гратче од шест илјади бегалци е во засолништата.
Државната лотарија, иако немала дозвола за електронско и интернет коцкање си купила апарати. Обвинителството отвори истрага за проневера на над 8 милиони евра.
Денеска во Кривичниот суд продолжи рочиштето за двојното убиство. Се сослушуваа сведоци на обвинителството. Исказ дадоа двајца припадници на МВР кои минатиот декември вршеле претрес во домот на Блажо Палевски, брат на првообвинетиот.
Над 1.000 производи, меѓу кои основните лебот, месото, млечните производи, овошјето, зеленчукот, се продаваат за 10% поевтино. Стартуваше мерката „Новогодишна кошничка“.
Потрошувачите доколку забележат неправилности да ги пријават на 191.
Директорите на здравствените установи под лупа на Министерството за здравство. Дел од нив не ги дале очекуваните резултати и ќе бидат разрешени – најави министерот Таравари.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Ќе нема отпуштања, но можно е да се намали обемот на работа кај некои фирми за производство на автомобилски делови кои работат кај нас. Кризата во Германија внесе стравувања во Македонија.