Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска ќе има средба со делегација од германскиот Бундестаг.
Вести
-
Македонија 10.12.2024 08:37
-
Македонија 10.12.2024 08:32
Сообраќајот се одвива непречено во зимски услови, по претежно влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по претежно влажни коловози, информира АМСМ.На патниот правец Шипковица – Попова Шапка има појава на магла со видливост до 40 метри.
-
Македонија 10.12.2024 08:31
Уставен суд со апели за воздржаност
Во однос на медиумскиот интерес за објавени делови, наводно од реферат од Законот за употребата на јазиците, Уставниот суд информира дека поради тајноста на постапувањето по предметот кој е во претходна постапка, нема да ги коментира медиумските објави, ниту нивната веродостојност.
-
Македонија 10.12.2024 08:25
Собранието ќе ја одржи 22.седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја започне 22-ра седница, на чиј дневен ред се Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, Дополнетиот предлог на Буџет на Република Северна Македонија за 2025 година, како
-
Свет 10.12.2024 08:24
Новата Влада на Сирија на чело со Мохамед ал Башир
Лидерот на сириската опозиција на прва средба со поранешниот премиер кој се согласи да ја предаде власта на бунтовничките сили откако претседателот Асад и неговото семејство побегнаа во Русија. „Владата на спасот“ ќе биде предводена од Мохамед ал Башир.
-
Македонија 10.12.2024 08:22
Мицкоски денеска ќе потпише договор за инвестиција со „ДМ Бау АГ“
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата ќе потпише договор за инвестиција со „ДМ Бау АГ“, соопшти владината прес – служба.
По потпишувањето на договорот, премиерот Мицкоски ќе одржи прес-конференција во Медија центарот на Владата.
-
Македонија 10.12.2024 08:20
Променливо облачно, претпладне со појава на магла
Времето денеска променливо облачно, претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Претежно во јужните делови од земјата ќе има повремен дожд особено претпладне и од крајот на денот.
-
Економија 10.12.2024 08:17
Предлог-буџетот за 2025 на собраниска седница
Дополнетиот Предлог-буџет за идната година собраниска седница. Расправата трае најмногу пет дена. Вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 а расходите од 400, 2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 4 проценти од планираниот БДП.
-
Економија 10.12.2024 08:14
Годишен извештај на Европската комисија за поглавје во рибарството
Новиот Закон за рибарство и аквакултура е во голема мера усогласен со правото на ЕУ за пазарната политика, особено за ЕУ одредбите за стандарди, информации за потрошувачите, структурна поддршка и државна помош.
Меѓутоа, законот не е целосно усогласен со Европското право за аквакултура.
-
Македонија 10.12.2024 08:06
Протест за чист воздух, се бараат мерки за аерозагадувањето
Еко активистите попладне во Скопје организираат протест поради загадениот воздух. Маршот ќе почне пред Министерството за животна средина, а ќе продолжи до Собранието и Владата










