Изолирана група од ДУИ прави хајка и политички маневри со етничките прашања – вака премиерот Мицкоски ги коментира реакциите за Законот за употреба на јазиците, пред седницата на Уставниот суд.
Вести
-
Македонија 08.12.2024 17:32
-
Економија 08.12.2024 16:45
Растот на БДП во третиот квартал од годинава изнесува 3 проценти
Македонија бележи раст на бруто-домашниот производ од три проценти во третиот квартал годинава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
-
Македонија 08.12.2024 16:02
Лицата со мултипла склероза, тешко доаѓаат до терапија
Од година во година расте бројот на заболени со мултипла склероза. ,, Болеста со илјада лица“ најчесто се дијагностицира на возраст од 20-40 години, а најзасегната е женската популација, Билјана Трајковска веќе 21 година се бори со оваа болест, која и била дијагностицирана кога имала само 19.
-
Македонија 08.12.2024 15:21
Пензионерите го надополнуваат недостигот на кадар во Охридско-струшкиот регион
Пензионерите го надополнуваат недостигот на кадар во хотелско-угостителскиот сектор. Се поголем дел од работоспособните пензионери на брегот на Охридското Езеро се вработуваат во хотелите и рестораните, најчесто како помошен персонал во кујна.
-
Свет 08.12.2024 14:49
Падна Дамаск, Ал-Асад избега од Сирија
Сирискиот претседател Башар Ал Асад побегна од Дамаск. По 14 години граѓанска војна, бунтовничките групи успеаја да го срушат режимот на повеќедецениската династија и да упаднат во претседателската канцеларија. Веселбите по улиците продолжија.
-
Македонија 08.12.2024 14:03
Македонија зависна од цигари, речиси 45 проценти од популацијата на земјава се пушачи
Четириесетгодишен скопјанец кој пуши цигари повеќе од половина од својот живот се јави во Институтот за јавно здравје да побара помош да ги остави цигарите.
-
Македонија 08.12.2024 13:47
Чествување на Св. Климент Охридски-Чудотворец
Се чествува Св. Климент Охридски, еден од најголемите македонски просветители, учител и заштитник на македонскиот народ. Еден од најистакнатите ученици на Св. Кирил и Методиј-основач на Охридската книжевна школа.
-
Економија 08.12.2024 13:13
Мицкоски: 3% раст на БДП во третиот квартал
Растот на БДП во третиот квартал од годинава изнесува 3 проценти. Премиерот Мицкоски ги претстави економските индикатори и рече дека е ова знак за консолидирање на стопанството.
Андријана Ѓурческа ја следеше прес-конференцијата.
-
Македонија 08.12.2024 13:03
Охрид го чествува патронот на градот - Свети Климент Охридски
Овој ден е посебен за охриѓани, бидејќи го слават патронот на Охрид-Свети Климент Охридски, кој е првиот словенски епископ кој заедно со Свети наум го основал првиот словенски универзитет.
„Ова е најзначајниот празник за Охрид и го славиме нашиот заштитник на Охрид.“
-
Свет 08.12.2024 12:36
По пет години пауза, се огласија камбаните на Нотр Дам
Францускиот бисер – Нотр Дам повторно блесна во сиот свој сјај. Со симболично тропање на портата парискиот надбискупот ја отвори обновената катедрала која во 2019-та сериозно настрада во разорниот пожар.










