Нафтениот договор меѓу САД и Венецуела отвора ново поглавје во односите меѓу Вашингтон и Каракас. 25-годишниот договор предвидува развој на 17 стратешки нафтени полиња и зголемување на производството на повеќе од 1,5 милиони барели дневно.
Вести
-
Свет 30.08.2026 12:39
-
Свет 30.08.2026 11:48
Во нов напад врз Киев погодени станбени згради, има повредени
Нов руски напад со дронови врз Киев. Погодени се станбени згради во неколку делови од градот, има и повредени. Москва пак, јавува за пресретнати стотици украински дронови над неколку руски региони.
-
Македонија 30.08.2026 11:38
Гори двокатен автобус кај видиковецот на Водно
Чадот кој може да се види од повеќе локации во Скопје на планината Водно е од запален двокатен автобус, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
-
Свет 30.08.2026 11:07
Земјотрес од 4,5 степени на југот на Албанија
Силен земјотрес бил почувствуван синоќа во јужниот дел на Албанија, 40 минути по полноќ. Како што јавуваат албанските медиуми, епицентарот бил на шест километри од Химара, со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала.
-
Свет 30.08.2026 10:36
Неизвесен исход на референдумот во Исланд за членство во ЕУ
Неизвесен е исходот од референдумот во Исланд за повторно започнување на преговорите за членство во Европската Унија.
Опцијата „против“ премина во минимално водство на референдумот, покажуваат најновите нецелосни резултати.
-
Македонија 30.08.2026 09:49
Сончево и топло време со температура до 36 степени
Денеска нè очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, а попладне наместа ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 36 степени.
-
Македонија 30.08.2026 09:18
Ставен под контрола големиот пожар кој навлезе во Националниот парк Пелистер
Пожарот кој избувна во атарот на село Mакази, во Pреспа, истовремено на најмалку две локации, и навлезе во националниот парк „Пелистер“, во подножјето од ресенска страна, е ставен под контрола.
-
Македонија 30.08.2026 08:56
Силно невреме синоќа ја погоди североисточна и источна Македонија
Силно невреме синоќа зафати повеќе градови и населени места во североисточниот и источниот дел на Македонија. Пороен дожд, силен ветер и грмежи имаше во Куманово, Крива Паланка, Делчево, Виница, Кочани и околните населени места.
-
Свет 29.08.2026 20:22
Иран се соочува со тешка економска состојба - преговорите во ќорсокак
Шест месеци по почетокот на војната со САД и Израел, Иран се соочува со тешка економска состојба, додека преговорите остануваат во ќорсокак, а Ормускиот теснец е главната точка на сопнување. Стотици бродови и натаму се заглавени во Заливот, во услови на висок ризик и неизвесност.
-
Економија 29.08.2026 19:41
Невремето ќе го намали родот на тутунот
Преку 50 земјоделци веќе пријавија штети на тутунот, пиперката или пченката по невремето од 24 август кое направи огромни штети во Прилепско-Долненскиот регион. Штетите се од 50 до 100 проценти на околу 1 500 хектари.










