Денес патувачката изложба „Толеранција“ на Мирко Илиќ ќе биде отворена во 19:30 ч. на Архитектонскиот факултет во Скопје. На отворањето на изложбата ќе присуствува и Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Вести
-
Култура 06.12.2024 14:17
-
Економија 06.12.2024 13:57
Формирана Комисија за следење на снабдувањето со електрична енергија
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини формираше Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија, клучен механизам за мониторинг и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации или нарушувања во енергетскиот систем.
-
Македонија 06.12.2024 13:28
36 нови волонтери од Мировниот корпус почнуваат со двегодишна служба во Македонија
36 нови волонтери од Американскиот Мировен корпус ја почнуваат двегодишната служба во Македонија со положување свечена заклетва по 11-неделната обука за изучување на македонскиот и албанскиот јазик.
-
Македонија 06.12.2024 13:23
Се решава проблемот во училиштето „Лазо Ангеловски“
Втор ден бојкот на наставата во основното училиште „Лазо Ангеловски“ поради проблематичен ученик. Од Советот на родители бараат со детето да работат стручни лица. Министерството за образование формира интердисциплинарна комисија. Што велат надлежните, има ли решение?
-
Македонија 06.12.2024 13:21
Завршува Меѓународната воена вежба
Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес затворање на Меѓународна воена вежба на која учествуваат околу 600 припадници од четири сојузнички и две партнерски армии. Вежбата во нашава држава се одржува од 25-ти ноември.
-
Економија 06.12.2024 13:09
Втора седница на Економско-социјалниот совет
Нова шанса за раст на минималната плата на Економско-социјалниот совет. Во Владата на маса пред членовите Буџетот за 2025-та, минималната плата и платите во јавниот сектор.
Борис Грујоски известува од пред Владата.
-
Свет 06.12.2024 12:36
Низ дипломатските кулоари најави за решавање на украинската криза
Трамп, Путин и Зеленски преку непосредните мировни преговори треба да донесат мир во Украина, се најавува неофицијално во дипломатските кулоари.
-
Македонија 06.12.2024 12:13
Средба Минчев- Лудва
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес оствари средба со амбасадорот на Чешка во Република Македонија, Јарослав Лудва.
-
Свет 06.12.2024 11:58
Владејачката партија на Јужна Кореја бара смена на претседателот
Јужнокорејската владејачка партија го повика претседателот Јун Сук Јеол да поднесе оставка поради голема опасност шефот на државата повторно да се обиде да прогласи воена состојба.
-
Македонија 06.12.2024 11:53
Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога
На 05.12.2024 полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода З.З.(41) и неговата 37-годишна сопруга Ф.М.З. од Кавадарци и Џ.Н.(32) и Л.М.(56), двајцата од Велес. При претрес во домот на З.З.










