Новата Европска комисија официјално ја презема должноста. Старо-нова претседателка е Урсула Фон дер Лајен, која доби уште еден петгодишен мандат. Еврокомисијата ја сочинуваат 27 члена, по еден од секоја земја-членка на Европската унија, шестмина потпретседатели и 20 еврокомесари.
Вести
-
Свет 01.12.2024 09:07
-
Македонија 01.12.2024 08:48
Облачно со повремени врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег, наместа во западните и јужните делови пообилни (над 30 l/m2). На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег и дополнително ќе се зголеми снежната покривка, соопшти УХМР.
-
Економија 30.11.2024 18:40
Божиновска во РЕК Осломеј: Катастрофалната состојба е само дел од предизвикот
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети термоелектраната Осломеј кај Кичево, еден од клучните енергетски капацитети во земјата.
-
Македонија 30.11.2024 18:04
Куманово: Одобрени неопходните вработувања во старскиот дом
Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово ја доби потребната согласност од Министерството за труд и социјална политика, за нови десет вработувања. Станува збор за негуватели на стари лица, психолог и друг помошно-технички персонал.
-
Македонија 30.11.2024 17:38
Приватните превозници од утре се враќаат во сообраќај
Автобусите на приватните превозници од утре се враќаат во сообраќај, информираа по денешната координативна средба во Град Скопје. Во почетокот на годинава ќе потпишат нови договори со нова цена по изминат километар која допрва ќе се утврдува.
-
Македонија 30.11.2024 17:04
Не стивнуваат реакциите по сквернавењето на македонското знаме
Не успеа планот на СДС и ДУИ за дестабилизација преку предизвикување на етнички конфликт, поради брзата реакција на институциите, велат во ВМРО-ДПМНЕ. Апелираат до граѓаните да не влегуваат во сценарија за етнички немири и да останат смирени при провокации.
-
Македонија 30.11.2024 16:46
Мицкоски со критика за работата на обвинителствата
Поединци од голтари станаа милионери, а обвинители кога треба да потпишат налози за апсења или истраги добиваат грозница и анксиозност, вели премиерот Мицкоски. Уверува – правда ќе има, но од тоа нема да се прави јавен театар.
-
Македонија 30.11.2024 16:24
Уапсени 17 лица, секој што ќе сквернави државен симбол ќе одговара-порача Тошковски
17 лица се уапсени за сквернавењето на македонското државно знаме. Дел од нив се малолетни лица. За сите има соодветен поднесок до Обвинителството, соопшти министерот за внатрешни работи, Тошковски.
-
Македонија 30.11.2024 16:11
Кривична пријава за едно лице за учество во странска војска
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во соработка со Агенцијата за национална безбедност реализираше случај и вчера (29.11.) до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднес
-
Свет 30.11.2024 15:48
Продолжуваат руските напади врз Киев, украинската одбрана возвраќа
Продолжуваат руските напади врз Киев и неколку други области, додека украинската воздушна одбрана возвраќа со удари во Белгород и над Црното Море.










