Германскиот министер за одбрана Борис Писториус нема да се кандидира за канцелар на земјата на претстојните вонредни избори на 23-ти февруари.
Соопшти дека тоа е негова лична одлука, додавајќи дека ќе ја поддржи кандидатурата на Шолц за реизбор.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус нема да се кандидира за канцелар на земјата на претстојните вонредни избори на 23-ти февруари.
Соопшти дека тоа е негова лична одлука, додавајќи дека ќе ја поддржи кандидатурата на Шолц за реизбор.
Нетанјаху ја осуди одлуката на Меѓународниот кривичен суд по налозите за негово апсење и на неговиот поранешен министер за одбрана Галант нарекувајќи ја антисемитска.
Пентагон потврди дека Русија ја нападнала Украина со нова ракета, додавајќи дека биле информирани за нападот непосредно пред лансирањето за што го известиле и Киев. Велат, не сакаат војна со Русија, но и натаму ќе ја помагаат Украина со оружје.
Во Клубот на пратеници денеска ќе се одржи Панел-дискусијата „Повеќе даночни приходи за побогато општество – перцепции и перспективи“.
Панел-дискусијата се одржува по повод Денот на даночните работници – „29-ти боември, Св. Матеј“, стои во соопштението од Управата за јавни приходи.
Амбасадата на САД, преку Програмата ОПДАТ на Министерството за правда на САД и УСАИД, денеска ќе организира панел-дискусија со претставници од Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство, со цел подобрување на соработката во борбата против
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Одгледувачите на пчелни семејства, вклучени во селекција за производство на пчелни матици, можат да поднесуваат барања за дополнителни директни плаќања.
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска ќе престојува во работна посета на Република Финска.
Во рамки на посетата, тој ќе оствари средби со министерот за европски прашања на Финска, Јоаким Странд, и министерката за надворешни работи, Елина Валтонен.
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска и утре ќе престојува во дводневна посета во Република Србија по повод меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“.
Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни. Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен.