Во Собранието денеска ќе има примопредавање на безбедносни рентген скенери од Бундестагот за законодавниот дом.
Вести
-
Македонија 21.11.2024 08:47
-
Македонија 21.11.2024 08:42
Во Владата донаторска конференција „Ромите и пријателите“
Кабинетот на министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 ќе организира Донаторска конференција под наслов „Ромите и пријателите“.
На конференцијата ќе присуствуваат амбасадори, меѓународни организации и претставници од Владата.
-
Македонија 21.11.2024 08:37
Јавниот превоз и утрово е редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП Скопје
Утрово на улиците во Скопје, не можеше да се забележат автобусите на Јавното градско претпријатие, а граѓаните коишто ги користат услугите на ЈСП останаа без превоз.
-
Македонија 21.11.2024 08:31
Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
-
Македонија 21.11.2024 08:31
Сиљановска Давкова утре на средба со Шеќеринска, лично ќе и честита за новата функција
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку нејзиниот фејсбук-профил информира дека утре е договорена средба со Радмила Шеќеринска, на која лично ќе и го честита изборот за заменик генерален секретар на НАТО.
-
Свет 21.11.2024 08:30
Ерупција на вулкан во Исланд
Нова ерупција на вулкан во близина на Гриндавик, јужниот град на Исланд. Властите прогласија вонредна состојба поради големите количини лава и чад.
-
Свет 21.11.2024 08:29
САД стави вето на резолуцијата на Газа
Расте бројот на жртви по израелскиот напад во Сирија. Продолжуваат воздушните напади во Либан и Газа. ОН тврдат дека жителите на северот во енклавата не добиле помош повеќе од 40 дена. Мирот на Блискиот Исток-неизвесен.
-
Свет 21.11.2024 08:29
Продолжени борби и нови ескалирања меѓу Русија и Украина
Продолжените напади меѓу Украина и Русија во сенка на најавите за поголем конфликт откако Киев истрела британски ракети „Сторм шедоу“ на руска територија. Од друга страна Пентагон испраќа дополнителна воена помош за Киев.
-
Македонија 21.11.2024 08:18
Предлог-законот за минимална плата поднесен од опозицијата пред пратениците
Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи новата 19. седница.
-
Економија 21.11.2024 08:07
Субвенции за органско производство
До 25-ти декември земјоделците може да се поднесат барања за финансиска поддршка за органските производи, нивните преработки, доработка, пакување и продажба.










