Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кога ќе биде новиот повик за општините, изјави:
Вести
-
Македонија 15.11.2024 14:03
-
Култура 15.11.2024 14:01
Јуниорскиот Евросонг утре од 18 часот на МРТ1, гласањето започнува вечерва
Во сабота од 18 часот на МРТ1 гледајте го 22-то издание на Јуниорскиот Евросонг со пренос во живо од Мадрид, Шпанија. Нашите претставници, Ана и Алексеј ќе пеат под реден број 7, од 17 земји-учеснички.
-
Македонија 15.11.2024 13:42
Контроли на Државниот инспекторат за животна средина
Надвор, иако дождот се очекува да го расчисти загадувањето, во делови во Македонија и натаму има зголемен број на ПМ10 честички. Дали има надеж за граѓаните да дишат почист воздух? На оваа тема повеќе од Борис Грујоски.
-
Македонија 15.11.2024 13:36
Нацрт – измени во Законот за Судскиот совет
На иста маса, министерот за правда Филков, претседателката на Судскиот совет Дамева, како и академици, експерти од правната фела, кои ги образложуваат ставовите за и против распуштање на ова тело. Какви пораки беа испратени за најавените реформи?
-
Македонија 15.11.2024 13:29
Мемеди: Сега има двапати помала смртност од пред пет години на Детската клиника
Детска клиника се соочува со сериозни и многу наталожени проблеми, тврди новиот директор, кој денеска се бранеше дека смртноста на деца на Клиниката е многу помала во однос на претходните години.
Андријана Ѓурческа ја следеше прес-конференцијата.
-
Македонија 15.11.2024 13:23
Мицкоски: За криминалот нема етничка припадност
Премиерот Мицкоски денеска присуствуваше на годишната конференција на граѓански организации за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество.Марина Стојанова-Тонева известува од конференцијата. -
Македонија 15.11.2024 13:22
Продолжува судењето за двојното убиство
Нови сведоштва во Кривичен суд за двојното убиство на младата Вања и велешанецот Панче. Денеска сведочат блиските луѓе на таткото Александар кој е меѓу петмината обвини, но едно од лицата кој ја нашол колата со која била грабната Вања, не се појави на рочиштето бидејќи имал паничен напад.
-
Свет 15.11.2024 12:30
Уапсен хрватскиот министер за здравство
Полициска акција за корупција на највисоко ниво во Хрватска. Уапсен министерот за здравство, вили Берош, и уште неколку лекари под обвинение за финансиски малверзации. Од хрватското Обвинителство велат осомничените одобриле набавка на микроскопи за неврохирургија, кои биле натплатени.
-
Свет 15.11.2024 12:27
Почит за 14-те загинати при падот на настрешницата во Нови Сад
Денеска во 11 часот и 52 минути во нови сад им се оддаде почит на загинатите при падот на настрешницата.
14 дена откако се урна настрешницата на новореконструираната железничка станица и однесе 14 животи. Тројца тешко повредени сè уште се борат за живот.
-
Свет 15.11.2024 12:25
Илјадници украинци без греење по руски напад во Одеса
Во најновиот рускиот напад врз Одеса запалени станови и уништено греењето за илјадници луѓе.
Државната служба за вонредни состојби соопшти дека избувнале пожари на шест различни локации, кои биле „брзо“ изгаснати од пожарникарите.










