Киев обвинува дека Москва префрлила седум илјади севернокорејски војници на границата со Украина. Претседателот Зеленски апелираше до сојузниците да преземат мерки пред трупите на Пјонгјанг да почнат да дејствуваат во корист на Русија.
Вести
-
Свет 02.11.2024 18:10
-
Македонија 02.11.2024 17:50
Вонредни контроли во старечки домови
Нехигиенски услови, храна која не е безбедна и со сомнително потекло.
-
Македонија 02.11.2024 17:27
Мицкоски: ДУИ да се подготват за одговорност
Прво од ДУИ нека се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време, му порача премиерот Христијан Мицкоски на Али Ахмети, кој изјави дека ДУИ се согласува за двојни избори в година.
-
Македонија 02.11.2024 16:52
Македонскиот државјанин Васко Саздовски, меѓу загинатите во несреќата на железничката станица во Нови Сад
Васко Саздовски на тој кобен ден како и секогаш се подготвувал да замине за викендот да ја посети сопругата и малите синови во Македонија, но паѓањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад била фатална за него.
-
Македонија 02.11.2024 16:17
По извештајот на Европската комисија, потребни се реформи во судството - смета правната фела
Реформите треба да почнат токму од судството бидејќи системот е крахиран и не функционира, смета адвокатот Тони Менкиноски, откако Европската комисија и даде најслаба оценка на Македонија во Европскиот извештај за правосудството, корупцијата и криминалот.
-
Економија 02.11.2024 16:03
Се интензивираат работите на автопатот Прилеп-Битола
На автопатската делница Прилеп-Битола од околу 40 километри фронт на работа се 6. Од 1.300 парцели екпроприрани се 850, а од 500 хектари, на 100-тина се отстранети експлозивни направи, со помош на Армијата. Од досега најдените околу 19 500 можни експлозивни материјали, се извадени 200.
-
Македонија 02.11.2024 15:29
Убиство во Штип, сторителот сам се пријавил во полиција
Убиена е 29-годишна штипјанка Емилија Пешева а осомничен е нејзиниот партнер кој сам се пријавил во полиција и изјавил дека тој го сторил делото. Настанот се случил во вечерните часови близу домот на жртвата, а телото е пронајдено во објект во паркот „Суитлак“.
-
Македонија 02.11.2024 15:00
Со стартот на грејната сезона Охрид се гуши во загаден воздух
И охриѓани дишат загаден воздух. Со стартот на грејната сезона градот се соочува со лош квалитет на воздухот. Мерните станици покажуваат просечно, но во ноќните часови и енормно загадување.
-
Економија 02.11.2024 14:48
Македонија не отстапува од железничкото поврзување
Продолжуваат активностите на двете делници за изградбата на железничката пруга на Коридорот 8. Градежните работи се во нормален тек од Куманово до Бељаковце, но и вториот дел од Бељаковце кон Крива Паланка, информираат од Железници Инфраструктура.
-
Свет 02.11.2024 14:10
Во Газа се шират заразни болести, побарувачката за лекови расте
Повеќе од една година по војната што го зафати Блискиот Исток, израелските трупи сè уште се борат против Хамас во разурнатиот Појас Газа. Милитантите ја потврдија смртта на уште еден висок функционер, во воздушен напад во Кан Јунис.










