Вонредна состојба во делови на Флорида откако бурата Милтон се зајакна во ураган од прва категорија и се очекува да стане закана по живот за западниот брег. На копното веќе се чувствува силниот ветер со јачина од 130 километри на час, а пикот на невремето се очекува меѓу вторник и среда.
Вести
-
Свет 07.10.2024 08:56
-
Македонија 07.10.2024 08:54
Официјално почнуваaт активностите на новиот граничен премин со Бугарија
Во Берово денеска ќе се одржи настан за официјално почнување на активностите во рамки на проектот „Воспоставување нов граничен премин Струмјани – Берово (Клепало)“, за што се обезбедени средства преку ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка со Република Бугарија, соопшти Цар
-
Македонија 07.10.2024 08:47
ЦУК: Два пожара на отворено, во Гостивар водата не е за пиење
Во последното деноноќие се регистрирани два пожара на отворено. Во Скопје бил запален градежен отпад на ул. „Његошева“ во Општина Карпош и во Село Радуша каде што имало запалено ѓубре, соопшти ЦУК.
-
Македонија 07.10.2024 08:42
Одбележување на Европскиот ден на органодонорството
Во Кинотека на Северна Македонија денеска ќе биде одбележан Европскиот ден на органодонорството, 7 октомври, како дел од активностите на проектот „Поддршка на системот за трансплантација“, финансиран од ЕУ.
-
Македонија 07.10.2024 08:38
Одложено рочиштето за двојното увиство
Судските рочишта за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 76-годишниот Панче Жежовски, закажани за денеска и за в среда се одложени, процесот ќе продолжи идниот понеделник, информираа од Кривичниот суд.
-
Економија 07.10.2024 08:35
Презентацијата на Извештајот за клима и развој на државите и Прегледот за климатски јавни финансии на Северна Македонија
Директорот на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Масимилиано Паолучи, вишиот економист Сања Маџаревиќ-Шујстер, вишиот специјалист за енергетика Редон Беголи и вишиот урбан економист при Светска банка, Мега Муким, денеска во Скопје ќе го презентираат Извештајот за клима
-
Свет 07.10.2024 08:33
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Крит
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри. Епицентарот се случил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.
-
Македонија 07.10.2024 08:30
Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска на седница треба да ги разгледа годишните извештаи за работата на јавните обвинителства и на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, за 2023 година.
-
Македонија 07.10.2024 08:29
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Поради официјалната посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, денеска во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, соопшти МВР.
-
Македонија 07.10.2024 08:24
Премиерот на Република Србија во посета на земјава
Премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ денеска, со владина делегација, ќе ја посети земјава. Вучевиќ ќе биде пречекан од премиерот Хриситијан Мицкоски.










