Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја и дека секој конвенционален напад против Русија поддржан од нуклеарна сила ќе се смета за заеднички напад.
Како ќе игра македонската дипломатија на крупните прашања за да ја придвижи земјата напред? Нашиот специјален дописник од Њујорк, Стојан Трпчевски разговараше со шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека ризикот од ескалација на Блискиот Исток е „акутен“ и дека Вашингтон и неговите сојузници неуморно работат за да избегнат војна од целосен размер меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах поврзана со Иран.
Советот на ЕУ денеска донесе одлука за одобрување на помош во рамки на Европскиот мировен фонд (ЕПФ) во износ од 13 милиони евра наменети за зајакнување на капацитетите и способностите на Македонската армија.
Во рамки на Европска конвенција на шефови на полиции (European Police Chiefs Convention - EPCC) што вчера и денес се одржува во седиштето на Европол –Хаг, во Холандија, денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, оствари билатерални средби со директорката на Европол Катарин
Под посебни безбедносни мерки и протоколи во Охрид ќе биде утрешната посета на унгарскиот премиер Орбан и неговата делегација.
Жителите на општина Липково од денеска имаат можност да поднесат барања и да добијат документи, лични карти, пасоши, возачки дозволи во канцеларија на управни служби на МВР која е сместена во објектот на полициското одделение во село Матејче.
Уставниот суд ги укина законските измени за облигациони односи кои се однесуваа на застарување на долговите. Сега доверителите ќе може да поведат постапка во рок од десет години.
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ги зголеми своите среднорочни и долгорочни прогнози за глобалната побарувачка на нафта, предвидувајќи дека мотори на нејзиниот раст ќе бидат Индија, Африка и Блискиот Исток.