Најмалку 14 лица загинаа, а 450 се повредени овојпат во експлозија на воки-токи, во неколку области на Либан, особено во предградијата на Бејрут.
Вести
-
Свет 19.09.2024 08:26
-
Македонија 19.09.2024 08:20
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Економија 19.09.2024 08:16
Финансиска поддршка за заштита на рибите
За трошоците за набавка на опрема за заштита на рибите во риболовните води, односно за видеонадзор, концесионерите можат да аплицираат до 7-ми октомври.
За оваа намена барателите можат да добијат до 30.000 денари.
-
Македонија 19.09.2024 08:12
Мицкоски во работна посета на Брисел
Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министрите за надворешни и за евроинтеграции Тимчо Муцунски и Орхан Муртезани престојуваат во работна посета на Брисел.
-
Македонија 19.09.2024 08:04
Променливо облачно, поладне врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи.
-
Македонија 18.09.2024 21:46
Истрага за две разбојништва во Скопје
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник од тетовско Боговиње поради сомнение дека сторил две кривични дела – Разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО.
-
Македонија 18.09.2024 21:40
Вреди: Одлуката за „балансерот“ е дел од сценариото за меѓуетнички проблеми
Владејачката коалиција на партии од албанскиот политички блок, „Вреди“, остро реагира на денешната одлука на Уставниот суд за покренување на постапка за оценување на уставноста и за замрзнување на употребата на т.н.
-
Свет 18.09.2024 21:02
ОН бараат од Израел да го прекине присуството на палестинските територии
Генералното собрание на Обединетите нации денеска усвои резолуција со која се бара Израел да го прекине „незаконското присуство на окупираната палестинска територија“ во рок од 12 месеци.
-
Македонија 18.09.2024 20:37
Вработувањата по етнички клуч прекинуваат до донесувањето конечна одлука на Уставен
Уставниот суд донесе времена мерка со која прекинуваат вработувањата по етнички клуч во администрацијата. Поведена е постапка за проверка на уставноста на примената на „балансерот“, на иницијатива на Антикорупциската комисија.
-
Македонија 18.09.2024 20:29
Лидерите на Западен Балкан во Брисел
Лидерите на Западен Балкан утре на работен ручек со челниците на Европската унија. На маса, планот за раст. Таму е и македонската делегација предводена од премиерот Мицкоски. Шефот на Владата не исклучува да се разговара и за одложена примена на уставните измени.










