Украина изврши масовен напад со дронови врз неколку руски области. Дел од беспилотните летала предизвикаа пожар на магацин за оружје и принудија делумна евакуација на жителите во руската област Твер. Москва тврди дека соборила над 50 дронови над Курск, Брјанск, Белгород и Ориол.
Вести
-
Свет 18.09.2024 09:01
-
Свет 18.09.2024 08:46
Расте бројот на жртви во саботажата со пејџери во Либан и Сирија
12 жртви и илјадници повредени-расте бројот на загинати во саботажата со пејџери кои истовремено експлодираа во делови низ Либан и Сирија. Меѓу жртвите и ирански амбасадор. Хезболах и Техеран прстот го вперија во Израел. Ветија праведна одмазда. Тел Авив молчи. САД негира вмешаност.
-
Македонија 18.09.2024 08:33
Одложена седницата на Комисијата за историски прашања со Бугарија
Одложена седницата на Комисијата за историски прашања со Бугарија, која беше закажана за денеска. Нема да се одржи поради промената на составот. Првата средба на Комисијата во нов состав се очекува во наредните една или две недели.
-
Македонија 18.09.2024 08:26
Балансерот на дневен ред на седницата на Уставен
Предметот за балансерот кој е оформен по поднесена иницијатива од стариот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, денеска на дневен ред на седницата на Уставниот суд.
-
Македонија 18.09.2024 08:12
Лиценци за проценители на тутун
До 30-ти септември трае пријавувањето за полагање на испитите за добивање на лиценци за проценка на тутунот.
Кандидати мора да посетуваат обука во октомври и да добијат потврда од Институтот за тутун во Прилеп.
-
Македонија 18.09.2024 08:07
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови, наместа поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
-
Свет 17.09.2024 21:52
Стејт департмент: САД не се вмешани во инцидентот во Либан
Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер на редовен брифинг со новинарите рече дека САД не биле вклучени во инцидентите во Либан и дека не знаат кој е одговорен.
-
Македонија 17.09.2024 21:07
Службените автомобили на функционерите ќе добијат регистарски таблички со посебна боја
На денешната владина седница донесена е одлука, службените коли на Владата, министерствата и на државните институции да имаат регистарски таблички во боја, со цел полесно да бидат забележани од граѓаните.
-
Македонија 17.09.2024 20:37
Муцунски на средба со државната министерка за Европа и клима во германското МНР, Ана Лирман
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со државната министерка за Европа и клима при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Ана Лирман.
-
Македонија 17.09.2024 20:04
Изминатава недела регистрирани 57 случаи на Ковид-19
Изминатава недела се регистрирани 57 случаи на Ковид-19. Четворица починале, двајца од Скопје, по еден од Битола и од Тетово. Сите четворица се над 70-годишна возраст и не биле вакцинирани, а тројца имале коморбидитети.










