Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година.
Вести
-
Македонија 16.09.2024 09:51
-
Македонија 16.09.2024 09:37
Министерот Таравари во посета на Универзитетската клиника за очни болести
Министерот за здравство д-р Арбен Таравари, денеска ќе ја посети Универзитетската клиника за очни болести.
По посетата ќе следат изјави за медиумите, најавија од Министерството.
-
Македонија 16.09.2024 09:24
Комитетот за истрага за воздухопловни несреќи го испитува можниот судир на два авиона над Скопје
Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти влегува во Македонска навигација. Ќе истражува за безбедносниот настан на седми месецов над Скопје, кога бил избегнат судир меѓу два цивилни авиона.
-
Економија 16.09.2024 09:09
Министерството за економија денеска треба да најави што сè ќе влезе во „есенската кошничка“
Од Министерството за економија најавија дека денеска ќе информираат што сè ќе влезе во најавената „есенска кошничка“, за која веќе в вторник ќе се гласа на владина седница.
-
Македонија 16.09.2024 08:55
Собраниска седница на Комисијата за култура и туризам
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за култура и туризам на која на дневен ред е предлог на закон за изменување на Законот за културата, по скратена постапка.
-
Македонија 16.09.2024 08:48
Од денеска граѓаните можат да ги земат од аптеките новите лекови од позитивната листа
9-те лекови на проширената листа, за висок крвен притисок, срцеви заболувања, антиагрегати, за третман на депресија и деменција, од денеска пациентите ќе можат бесплатно да ги земаат во аптеките.
-
Македонија 16.09.2024 08:43
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 16.09.2024 08:40
Бугарскиот амбасадор Радуков денеска на разговор во МНР
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) денеска ќе го повика бугарскиот амбасадор во државава Жељаско Радуков за фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска на средбата завчера во Софија.
-
Свет 16.09.2024 08:36
„Борис“ беснее низ Европа
Водостојот на реките во централна Европа продолжува да беснее, многумина ја прогласија бурата за „природна катастрофа“.
-
Свет 16.09.2024 08:31
Зеленски: Навремено да се спроведат договорите за оружје
Претседателот Зеленски повторно ги повика САД и сојузниците „навремено да ги спроведат“ договорите за оружје и други набавки за да и помогнат на неговата држава да се бори против руската инвазија.










