Се разгорува дебатата за прашањето, дали Украина ќе употреби западно оружје со долг дострел на руска територија. Британскиот премиер во Вашингтон на средба со американскиот претседател Бајден, откако Лондон и Париз одобрија употреба на оружјето од нивно производство надвор од Украина.
Вести
-
Свет 13.09.2024 11:51
-
Македонија 13.09.2024 11:44
На Табановце за излез од државата се чека околу 40 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.
-
Македонија 13.09.2024 11:38
Претрес во Охрид, пронајдена дрога
На 12.09.2024 во 20.55 часот на улица „Никола Карев“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода С.Л.(58) од Охрид, информираат од МВР.
-
Македонија 13.09.2024 11:31
Радев очекува решавање на отворените прашања
Очекуваме Северна Македонија да ги исполни сите свои обврски и кон нас и кон Европската унија, изјави денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев пред средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која е во официјална посета на Софија.
-
Македонија 13.09.2024 11:08
Средба Муртезани – Горчевиќ во Подгорица
Со средба со својот црногорски хомолог, министерот за европски прашања на Северна Македонија, Орхан Муртезани утрово ја започна работната посета на Црна Гора.
-
Македонија 13.09.2024 11:00
Приведен крадец во Куманово
Вчера во 19.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Н.(36) од Куманово. Тој се сомничи дека на 08.08.2024 во Куманово извршил кражба од патничко моторно возило, од каде одзел повеќе предмети.
-
Свет 13.09.2024 10:57
Вработените во Боинг го одбија понуденото зголемување на платата, ќе штрајкуваат
Механичарите, вработени во компанијата „Боинг“ во САД масовно излегоа на штрајк. Бараат зголемување на платите за 40 насто. Не се согласија со понуденото од раководството на „Боинг“, платите да им бидат зголемени за 25 проценти.
-
Култура 13.09.2024 10:53
„Танец“ на турнеја во Црна Гора, Словенија, Хрватска и БиХ
Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ тргнува низ поранешна Југославија. Ќе настапи во Црна Гора, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.
-
Македонија 13.09.2024 10:49
Избегнат судир на два авиона над Скопје, АЦВ започна истрага
Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) постапува по настан пријавен од М-НАВ за избегнат судир на два авиона над Скопје на 7 септември.
-
Македонија 13.09.2024 10:41
Апелациониот суд ја прифати жалбата на Таравари, го врати предметот за печатите на повторно судење
Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, реагираше на одлуката на Апелациониот суд со која се поништи одлуката на Основниот суд во Тетово.
Според Таравари, со последната одлука на судот Алијансата за Албанците се враќа во своето членство.










