Сончево со мала до умерена локална облачност. Во јужните делови наместа ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Вести
-
Македонија 15.08.2026 09:05
-
Свет 14.08.2026 20:24
Продолжува помошта за Колумбија по разорниот земјотрес
Тони помош од регионалните партнери продолжија да пристигнуваат во Колумбија по силниот земјотрес. Потрагата по преживеани под урнатините станува се поочајна.
-
Македонија 14.08.2026 20:08
1.576 прекршоци за брзо возење откриени за една недела
Во периодот од 3 до 9 август 2026 година, сообраќајната полиција при Министерството за внатрешни работи спроведе засилени контроли за откривање и санкционирање на прекршоците поврзани со пречекорување на дозволената брзина.
-
Свет 14.08.2026 19:42
НАТО собори дрон што навлезе во воздушниот простор на Латвија
Борбени авиони на НАТО соборија дрон што влегол во латвискиот воздушен простор. Кратко по инцидентот, воздушната закана во регионите што граничат со Русија беше укината.
-
Македонија 14.08.2026 19:16
Втор смртен случај од западнонилска треска
Вирусот на западнонилската треска ја зема и втората жртва ова лето. На Инфективната клиника почина 72-годишен скопјанец кој развил тешка форма на болеста со воспаление на мозокот. Директорот на Клиниката, Цана, рече дека пациентот бил со коморбидитети.
-
Македонија 14.08.2026 18:51
Нов систем и радар за побезбедно управување со македонското небо
Македонското небо добива нова технологија за управување и контрола на воздушниот сообраќај. Македонската навигација стави во употреба нов систем, а до крајот на септември се очекува во функција да биде и новиот радар инсталиран на контролната кула во Скопје.
-
Македонија 14.08.2026 18:28
Гостивар повторно пие вода од чешма
Водата во Гостивар е безбедна за пиење. Трите последователни лабораториски анализи покажале дека таа е микробиолошки и бактериолошки исправна. За да се утврди исправноста на водата, примероци биле земени од седум места во градот.
-
Свет 14.08.2026 18:00
Екстремната топлина и сушата го менуваат пејзажот на Европа
Екстремната топлина, пожарите, ниското ниво на реките и долгиот сушен период го менуваат пејзажот на Европа.
-
Македонија 14.08.2026 17:36
Трето вонредно прскање против комарци во Драчево
Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува трета вонредна акција за дезинсекција. Третманот ќе го опфати подрачјето на населбата и селото Драчево, со цел заштита на граѓаните и спречување на масовно размножување на комарците.
-
Свет 14.08.2026 17:18
Иран: Ниту еден брод не може да помине низ Ормускиот теснец без контрола и надзор од Техеран
Вашингтон е подготвен да продолжи со економскиот притисок врз Техеран додека траат напорите за постигнување договор за прекин на конфликтот.










