На итна, јавна седница Судскиот совет ќе го разгледува извештајот на работната група која ја проверуваше работата на судијата Пајазит Пајазити и одлуките поврзани со случаите со Блерим Рамадани и Иџет Мемети.
Вести
-
Македонија 05.09.2024 08:13
-
Македонија 05.09.2024 07:56
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Економија 05.09.2024 07:53
Зголемени субвенции за житото
Поради повисоките трошоци за производство на пченицата и да се намали зависноста од увоз, преку Интервентната програма ќе се зголеми субвенцијата за земјоделците кои го продале родот кај регистриран откупувач. Тие треба да добијат дополнителни 3 денари за килограм.
-
Македонија 05.09.2024 07:48
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде од 10 до 19, а максималната од 28 до 36 степени.
-
Свет 04.09.2024 21:40
Пукање во средно училиште во Џорџија
Најмалку четири лица загинаа, а околу триесет се повредени во денешното пукање во средно училиште во американската држава Џорџија.
Засега не е јасно колку од повредените имаат прострелни рани, а информациите за бројот на жртвите се променуваат, велат од полицијата.
-
Македонија 04.09.2024 20:57
Голем пожар кај Катланово
Голем пожар има кај Катланово, возете внимателно по автопатот Скопје-Велес – викендиците ќе бидат одбранети, велат од Центарот за управување со кризи(ЦУК).
Од ЦУК нè информираа дека во општина Петровец кај с. Градмаци, с. Брезница и с. Катланово гори нискостеблеста шума.
-
Свет 04.09.2024 20:27
Напаѓач со нож избол маж и жена во Германија
Полицијата во градот Бон во Германија застрелала маж кој претходно со нож повредил две лица.
Напаѓачот подоцна починал во болницата.
Повредени се жена (43) и маж (32). На местото на нападот им била укажана помош.
-
Македонија 04.09.2024 19:33
Градоначалникот Лимани се сретна со вицепремиерот Меџити, поддршка од Владата за Гостивар
Вршителот на должноста градоначалник на општина Гостивар, Валбон Лимани, денеска одржа работна средба со првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
-
Економија 04.09.2024 19:28
Трајков на Светскиот економски форум во Полска
Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков е дел од Светскиот економски форум кој се одржи во Карпач, Полска.
Во своето воведно обраќање, заменик министерката Трајков зборуваше на тема „Интеграција на државите од Западен Балкан – значење и форми на соработка“.
-
Свет 04.09.2024 19:04
Лукашенко помилува 30 политички затвореници
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска помилува 30 луѓе кои отслужуваат затворски казни поради „злосторства поврзани со протести“, објави неговата прес-служба.










