Вести

  • Свет 04.09.2024 09:35

    Нов руски воздушен напад во Украина

    Нови жестоки руски напади врз Киев и центарот на Лавов. Има жртви и повредени. Погодена и зградата на универзитетот во Суми.

  • Македонија 04.09.2024 09:32

    Трипуновски на средба со земјоделците од Општина Новаци

    Денеска во просториите на Општина Новаци, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ќе оствари средба со земјоделците.

  • Македонија 04.09.2024 09:18

    Делови од две скопски општини денеска без вода

    Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска поради зафати во водоводната мрежа со пречник Ф-110 мм на ул. Охридска 44, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците Охридска и Петричка во општина Центар.

  • Македонија 04.09.2024 08:50

    Седница на Комисијата за европски прашања

    Членовите на собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да расправаат по Предлогот на закон за парничната постапка.

  • Економија 04.09.2024 08:47

    БМЗ стартува со инвстиција во ТИРЗ Скопје

    Камен темелник за фабрика за литиумски батерии, инвестиција од 65 милиони евра на германската компанија БМЗ Груп, ќе биде поставен денеска во Технолошко индустриската развојна зона Скопје.

  • Македонија 04.09.2024 08:45

    Зголемен интензитетот на сообраќај на патиштата надвор од градските средини

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

    На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

  • Македонија 04.09.2024 08:43

    ЦУК: И натаму активен пожарот во Мариово

    Големиот пожар во опсег од 20 километри, и натаму активен во Мариово. Во Општина Прилеп доцна синоќа заседаваше кризниот штаб. Се бранат селата Бонче, Крушевица, Дуње, Пештани и Кален. На помош е планирано да дојдат пожарникари и од други општини.

  • Македонија 04.09.2024 08:41

    Муртезани во дводневна работна посета на Брисел

    Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на денес и утре ќе престојува во работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со Оливер Вархеји, комесар за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Стефано Санино, Генерален секретар на Европската служба за

  • Свет 04.09.2024 08:32

    Рим под вода по силно, но кратко невреме

    Рим под вода по кратка но силна бура што ја зафати централна и јужна Италија по долг период на топлотен бран. За помалку од еден час наврнале 60 литри дожд на квадратен метар. Многу делови од градот беа поплавени, а дрвја беа урнати од силниот ветер.

  • Економија 04.09.2024 08:32

    Парична помош за чување на житото

    Финансиската поддршка за складирање и оваа година може да ја користат евидентираните земјоделци со пријавени површини со пченица и со јачмен кои ја имаат дадено кај регистриран сопственик на силоси од 15 јуни до 1 септември 2024 година.

Pages