Десетици повредени, и исчезнати откако тајфунот Шаншан го погоди островот Кјушу на југозападот од Јапонија. Во градот Јуфу вклучен црвен аларм откако река се излеа од коритото.
Вести
-
Свет 29.08.2024 09:38
-
Свет 29.08.2024 09:36
Израел соопшти дека убил пет палестински борци во џамија на Западниот Брег
Израел ја продолжува операцијата на Западниот Брег. Убиени уште пет вооружени лица во џамијата Тулкарем, меѓу нив и локалниот лидер на милитантите. ООН повикаа на итен прекин на операциите додека Тел Авив тврди дека има право да се брани од иранскиот терор.
-
Македонија 29.08.2024 09:26
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 30 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ за влез и излез од државата се чека околу 30 минути.
-
Македонија 29.08.2024 09:20
ЦУК: Пет пожари сѐ уште активни
Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 39 пожари на отворен простор. Од нив, сѐ уште активни се пет пожари, под контрола е еден, а останатите се изгаснати, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-
Економија 29.08.2024 09:20
Задругите да се вратат на село
Од 2013-та година кога е донесен законот регистрирани се и работат повеќе од 50 земјоделски задруги, но сите не ги исполнуваат законските услови за добивање на финансиска поддршка и помош.
-
Македонија 29.08.2024 09:17
Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска
Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во прва официјална посета на Република Хрватска на покана на неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ.
-
Македонија 29.08.2024 09:16
Ќе се гласа за вработувања во Комунална хигиена и пренамена на средства за автобуси
Советот на Град Скопје денеска треба да ја одржи седница на која се очекува советниците да ги поддржат дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица и да донесат одлука за пренамена на средства за ЈСП со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 а
-
Македонија 29.08.2024 09:05
Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9.900 места за студенти во прва година
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е пријавувањето во првиот рок за упис во прва година додипломски студии во академската 2024/2025 година.
-
Македонија 29.08.2024 08:30
Пукање во Арачиново, рането е 24-годишно момче
Едно лице е повредено во пукање што синоќа се случило во селото Арачиново.
Повредениот, 24-годишниот А.И. од истото село е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за да му се укаже лекарска помош.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-
Македонија 29.08.2024 08:07
Претпладне сончево, попладне нестабилно
Денеска на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне кога нестабилно ќе биде на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.










