Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде изнесува 8.
Вести
-
Македонија 15.08.2024 08:04
-
Свет 14.08.2024 21:33
СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради мајмунските сипаници
Светската здравствена организација денеска ја прогласи тековната епидемија на мајмунска сипаница во Африка за глобална здравствена вонредна состојба.
-
Македонија 14.08.2024 20:42
Мицкоски на средба со менаџментот на ЛИДЛ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата одржал средба со менаџментот на ЛИДЛ, на која бил информиран за потешкотиите и административни пречки со кои се соочувал германскиот ланец маркети од претходната Влада.
-
Македонија 14.08.2024 20:12
Иџет Мемети признал вина, се спогодил со Обвинителството за условна казна од една година
Поранешниот народен правобранител и член на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети, осомничен за поткуп, се спогодил со Обвинителството. Признал дека примил награда за противзаконско влијание, во случајот за кој осомничен е и врховниот судија Наќе Георгиев.
-
Свет 14.08.2024 19:55
Во Франција се урнаа два борбени авиони „Рафал“
Еден пилот и најмалку еден патник се исчезнати откако два борбени авиони на воздухопловните сили се урнаа денеска во Лорен, источна Франција, додека пилотот на другиот авион го преживеа инцидентот, соопштија француските власти.
-
Македонија 14.08.2024 19:37
Пожарот над кичевското село Зајас повторно активен, горат млади борови
Откако синоќа беше изгаснат, денеска повторно е активен пожарот над кичевското село Зајас, рече попладнево директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
-
Македонија 14.08.2024 18:40
Утре без струја дел од Визбегово
Без струја утре од 8:00 до 10:00 часот ќе останат дел од корисниците од населбата Визбегово, поточно објектите лоцирани на стариот Качанички Пат, во околината на фирмата „Карго Транс“ во општина Бутел.
-
Македонија 14.08.2024 18:16
Огнот на Галичица активира неексплодирани мини
Десет денови пламените јазици ја пустошат Галичица. Пожарот се прошири на три фронта на македонска територија. Се делува и од копно и од воздух, но силните експлозии од гранати од Првата Светска војна го отежнуваат гаснењето на пожарот.
Известува Соња Рилковска
-
Македонија 14.08.2024 17:57
Општините бараат одземање на ингеренциите на Арсовска
„На градот му е потребна итна генералка“ – порача претседателот на ЗЕЛС, Ѓоргиевски, по координативна средба со скопските градоначалници кои беа едногласни дека итно треба да им се одземат ингеренциите на Јавното комунално претпријатие и на ЈП „Паркови и зеленило“.
-
Македонија 14.08.2024 17:29
Владините мерки и препораки за заштита од високите температури ќе важат и утре
Владата ги продолжи мерките и препораките за заштита од високите температури и за четврток Владата ја разгледа и усвои Информацијата за продолжување на дополнителните мерки за превенција поради топлотниот бран и за четврток, соопшти владината прес-служба.










