Министерот Владо Мисајловски денеска оствари средба со амбасадорката на Романија, Н.Е. Моника Аксинте и со одбранбеното аташе, полковникот Каталин-Петре Арчип, во Министерството за одбрана, на која беше потврдена успешната соработка помеѓу двете сојузнички земји.
Вести
-
Македонија 12.08.2024 13:25
-
Македонија 12.08.2024 13:18
Пожарот на Галичица се прошири кон преспанскиот дел
Осум денови беснее пожарот на Галичица. Откако ќе се стави под контрола огнот повторно ветрот го враќа на македонска страна. Вчера попладне пожарот се прошири кон преспанскиот дел кон Стење и Магаро. Постои опасност да навлезе во шумите. Ренџерите бараат помош од воздухоплови.
-
Македонија 12.08.2024 12:58
Поднесено е обвинение против Љупчо Палевски за двојно убиството
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Љупчо Палевски Палчо за двојно убиството на 14-годишната Вања и пензионерот Жежовски.
-
Македонија 12.08.2024 12:19
Блокада и протести против ископите на „Бехтел и Енка“
Повеќе од три месеци не стивнуваат протестите против ископите на „Бехтел и Енка“ до селото Оревоец. Револтот е поголем по владината одлука за давање концесија за мермер. Жителите ќе тужат до Управниот суд, а локалните власти им ветија средба со ЈП за државни патишта.
-
Македонија 12.08.2024 11:32
Мицкоски: Зголемен прометот од патарините кои завршуваат во буџетот
Годинава од промет од патарините низ земјава се остварени 16 милиони денари повеќе од истиот период лани, истакна премиерот Мицкоски на социјалните мрежи. Вели дека минатата година постоеле и овие пари, само не завршувале во државната каса.
-
Македонија 12.08.2024 11:19
Голем пожар над Пехчево, пламените јазици ја проголтаа шумата
Голем пожар на планината Буковик во близина на Пехчево. Пламените јазици ја проголтаа шумата, но и единственото возило на Доброволното противпожарно друштво. Марјан Митриновски е дел од ова друштво и од самиот почеток се бори со пожарите, бидејќи, како што вели, планината е негов втор дом.
-
Македонија 12.08.2024 11:02
Приведен крадец во Прилеп, следува соодветна пријава
На 11.08.2024 во 14.25 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.Р.(31) од с. Ивањевци, општина Могила, поради сомнение дека во авто плац во Прилеп извршил кривично дело „кражба“, при што одзел повеќе предмети.
-
Македонија 12.08.2024 10:33
Зголемена фреквенција на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
-
Свет 12.08.2024 10:22
Хамас уби израелски војник
Еден Израелец е убиен, а друг ранет во вооружен напад на Палестинци кои отвориле оган на главен пат на окупираниот западен брег, соопштија израелската служба за итни случаи. Одговорноста за нападот ја презеде вооруженото крило на милитантната група Хамас.
-
Свет 12.08.2024 10:21
Топлотен бран на Антартикот
Научниците се загрижени за последиците од историскиот топлотен бран на континентот Антарктик, кој обично е познат по своите екстремно ниски температури.









