Повеќе од 100 Палестинци беа убиени, а десетици ранети во израелски напад врз училиште во Газа во кое беа сместени раселените луѓе, објави официјалната палестинска новинска агенција, додека израелската војска соопшти дека погодила команден центар на Хамас.
Вести
-
Свет 10.08.2024 10:21
-
Македонија 10.08.2024 09:49
Зголемена фреквенција на возила на Табановце и Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
-
Македонија 10.08.2024 09:39
Дваесет и три години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила
На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 23 години од загинувањето на осуммината припадници на резервниот состав на Армијата, кај месноста Љуботенски Бачила.
-
Македонија 10.08.2024 09:29
ЦУК: Пожарот на Галичица се шири кон Стење, се слушаат и експлозии од куршуми и гранати
ЦУК информира за активните пожари и под контрола, со повеќе детали од последното деноноќие, според територијата што административно ја „покриваат‘ неговите регионални центри за управување со кризи:
-
Македонија 10.08.2024 09:18
Сончево и топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец
Времето ќе биде сончево и топло, во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.
-
Македонија 10.08.2024 08:41
OJO; Осомничен за разбојништво во Куманово не почитувал мерки на претпазливост, побаран притвор
Основното јавно обвинителство Куманово води постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-
Свет 09.08.2024 22:01
Авионска несреќа во Бразил, нема преживеани
Авион со 62 патници се урнал во станбена област во градот Вињедо, Сао Паоло. Авионот кој се движел кон Меѓународниот аеродром Гуарулхос, во Сао Паоло, се урнал со 58 патници и четири членови на екипажот.
-
Македонија 09.08.2024 21:42
Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведено едно лице
Денеска врз основа на судска наредба од Основен суд Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле претрес во дом и други простории во Прилеп, кои ги користи Р.Р.(52) од Прилеп. При претресот пронајдена е кеса со марихуана, како и семки од канабис.
-
Македонија 09.08.2024 21:04
Приведени три лица во скопско поради предизвикување пожар
Денеска околу 13 часот од страна на полициски службеници од ЕВР Кисела Вода при СВР Скопје, на место викано „Дупки“ во с. Патишка река, скопско, биле лишени од слобода С.А. (59), А.А. (31) и И.А. (25) од Скопје поради основано сомнение дека предизвикале пожар.
-
Економија 09.08.2024 20:32
Трипуновски: Постигнат е договор за спас на оризарите
Македонија треба да биде горда на македонскиот ориз, на работата на земјоделците на оризовите полиња, на маката и трудот треба да и дадеме убава иднина. Вака денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство го започна разговорот со откупувачите на ориз.










